Марија Александровна ( — ) била ќерка на рускиот император Александар II Николаевич и на императорката Марија Александровна.

Животопис

Се омажила на 23 јануари 1874 година со Алфред од Единбург (1844-1900), син на британската кралица Викторија Хановерска и принцот Алберт Сакс-Кобург. Во британското благородништво имала титула, војвотка од Единбург, а во германското благородништво имала титула војвотка од Сакс-Кобург и Гота.

Марија Александровна имала 5 деца: Алфред (1874—1899); Марија од Единбург (1875—1938), сопруга на романскиот крал Фердинанд I; Викторија Мелита (1876—1936), сопруга на големиот кнез Кирил Владимирович; Александра (1878—1942); Беатриса (1884—1966).

Категорија:Романови Категорија:Династија Сакс-Кобург и Гота Категорија:Починати во Цирих Категорија:Луѓе од Санкт Петербург