Даугавпилс (латвиски: Daugavpils; руски: Даугавпилс) — град во југоисточна Латвија. Градот се наоѓа на реката Даугава (Западна Двина), по која е и добиено името на градот. Даугавпилс во превод значи „замок Даугава“. Градот има население од над 100.000 жители и е втор по големина во Латвија. Даугавпилс се наоѓа на околу 230 километри од Рига. Во близина на Даугавпилс се белоруската и литванската граница, а нешто подалеку е и руската. Мнозинско население во градот се Русите.

Население На 1 јануари 2011 година се пресметало дека во градот живеат 102 496 жители.

Збратимени градови Даугавпилс е збратимен со: Хадерслев, Данска Мотала, Шведска Радом, Полска Ферара, Италија Рамла, Израел Харбин, Кина Паневежис, Литванија Харкив, Украина

Наводи

Поврзано Латвија Градови во Латвија

Надворешни врски

Информациски портал Информациско-забавен портал Историја на Даугавпилс Еврејска заедница во градот Портал за вести Население на Даугавпулс по мајчин јазик во 1897

Категорија:Градови во Латвија Категорија:Државни градови во Латвија

Категорија:Латгалија Категорија:Населени места основани во 13 век