Риба претставува бронзена скулптура на риба, сместена во самиот центар на Скопје. Се наоѓа во зеленилото на улица Македонија, наспроти хотелот „Бристол“. Авторка на ова дело е Грозданка Каникова.

Оваа скулптура е дел од проектот на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во центарот на Скопје. Скулптурата била свечено откриена на 23 ноември 2009 година. Според последните планови за градење во Скопје од 2011 година, на местото на скулптурата треба да се изградат нови 2 државни згради, а со тоа треба да се премести и самата скулптура.

Наводи

Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Риби во уметноста Категорија:Македонски дела од 2009 година