Три Чешми (влашки: Treili Shopati) — населба во Општина Штип.Енциклопедија на селата во република Македонија (Митко Панов 1998 г.)
Географија и местоположба Оваа млада по постанок, но голема населба се наоѓа на територијата на Општина Штип, недалеку во северен правец од градот, на оддалеченост од околу 4 км и лежи непосредно до регионалниот пат Штип – Велес. Населбата е рамничарска на надморска височина од 320 метри. Атарот зафаќа простор од 10,8 км2. На неа обработливо земјиште зазема површина од 646 хектари, на пасиштата отпаѓаат 70 хектари. Меѓутоа, голем дел од населението работи во фабриките кои се наоѓаат во градот Штип и дејствуваат во дневните миграциони движења на релација приградска населба – град. Во населбата работи деветгодишно училиште, има амбуланта, фабрички погон, услужни објекти (пошта), споменик од НОБ, а снаселбата има и урбанистички план, според кој од неколку куќи населбата се развило во современо населено место.
Историја
Место на ова село било населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето „Три Чешми“ на 500 м југоисточно од селото.
Денешната населба датира од 1949/50 година. Во раните години населбата била нарекувана Сто Куќи. На истата територија биле изградени станбени објекти кои биле доделени на жртвите на Македонскито егзодус од 1948. Подоцна со добивање на планови за доизградба населбата била проширена, во сколоп на нејзината изградба овде влегуваат Поштата, Приградската амбуланта, Црквата „Св. Илија“ како и основното училиште под име „Јосип Броз Тито“, подоцна променето во „Борис Кидрич“, но сепак и ова име не останува за долго за на крај подрачното основно училиште да го добие името ПОУ „Гоце Делчев“.
Во склоп на Три Чешми постоел и Земјоделско-индустриски комбинат „Црвена Ѕвезда“ кој запирел со работа веднаш по растурањето на Југославија.
Стопанство
Население
На пописот од 2002 година, селото имало 1.065 жители и претставува голема населба.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 947 жители, од кои 808 Македонци, 88 Власи, 3 Срби, 2 останати и 46лица без податоци.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948——————————1953443—3—1911—1—6391961458———...3—203—664197152681——12—56—6021981624———801—6—7111991823———1273—2—9531994845———1325———9822002933———1265—1—1.0652021808———883—246947
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Три Чешми — археолошко наоѓалиште во селото, населба од римско време
Црквена и слава на населбата е Свети Илија на 2 август.
Личности мини|Црквата "Свети Илија" - 2021
Култура и спорт ФК Три Чешми — фудбалски клуб основан во 1950 г. Има играно во Втората македонска фудбалска лига.
Иселеништво Наводи
Надворешни врски
Сите патишта водат низ Три Чешми - репортажа во Дневник
Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Штип