Горачино — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Потекло и значење на името

мини|300п|лево|Воздушен поглед на селото

Името доаѓа од зборот шопур што означува цевка од која тече вода, што пак се поврзува со глаголот „шопа“ со значење тече или блика вода.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Општина Штип, во сливот на реката Крива Лакавица, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Радовиш. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 500 метри. Селото се наоѓа на западните паднини на Плачковица.

До селото води земјен пат во многу лоша состојба, кој се двои од регионалниот пат 1204. Поради изградбата на експресниот пат на А4, пристапот до него е скоро невозможен.

Историја

Подрачјето на Шопур било населено уште од неолитското време, за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Пилав Тепе, сместено во околината на селото.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 5,6 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 387 хектари, на пасиштата отпаѓаат 101 хектар и на обработливото земјиште 63 хектари.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шопур живееле 54 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шопур имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.

Шопур е сосема мало село и речиси наполно е иселено. Селото, во 1961 година имало 76 жители, а во 1994 година, само еден жител.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Шопур било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Шопур се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2310 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект во селото Горачино. Во ова избирачко место се опфатено и селата Горачино и Танатарци.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Воздушен поглед на вулканската купа Пилав Тепе

Археолошки наоѓалишта Ѕидини — средновековна населба; Логур — средновековна некропола; Мадемска Река — рудник од римското време; Манастириште — средновековна црква и некропола; Пилав Тепе — населба од неолитското време и градиште од римското време; и Ширинка — средновековна некропола.

Вулкански наобразби Пилав Тепе — вулканска купа во клисурата на Маденска Река, десна притока на Крива Лакавица

Поврзано Општина Штип

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Штип Категорија:Раселени села во Македонија