мини|десно|Сју Гарднер со Меир Шитрит на Викиманија 2011 во Хаифа Сју Гарднер (англ. Sue Gardner, р. 1967)Википедијанците работат од љубов. Навистина. - Globe and Mail, 26 јули 2010 е тековниот извршен директор на Фондацијата Викимедија во Сан Франциско и поранешен директор на мрежно место и е-издаваштвото на Канадското радиодифузно претпријатие (Canadian Broadcasting Corporation, CBC).

Почетоци во новинарството Гарднер е родена во Порт Хоуп, Канада како ќерка на англикански свештеник и управник на училиште. Дипломирала новинарство на универзитетот Рајерсон. Кариерата ја започнала во 1990 во радиото на CBC, во емисијата As It Happens. Повеќе од една деценија била продуцент, репортер и документарист за актуелности во CBC Radio и новинар за Newsworld International, осврнувајќи се на поп-културата и општествени проблематики.Профил на Сју Гарднер - Lavin Agency

Во март 2006, го наследила Клод Галипо како виш директор на новиот 150-член отсек на мрежното место CBC.ca.„Како CBC почна на интернет“ - Toronto Star, 19 јули 2006 Дали CBC.ca раководат самите со себе?

Работа во Викимедија Во мај 2007, Гарднер го напуштила CBC и станала посебен констултант на Фондацијата Викимедија за операции и управување.Извештај за печат на Фондацијата Викимедија, 27 јуни 2007

In December 2007, Фондацијата Викимедија ја назначува за нејзин извршен директор.„Сју Гарднер назначена за извршен директор“ - Извештај за печат на Фондацијата Викимедија Во текот на следниве две години работела како раководител на развојот на кадровскиот капацитет, воведувајќи посебна екипа задолжена за прибирање средства и менувајќи го седиштето од Тампа во Сан Франциско.

Во октомври 2009, Huffington Post ја прогласува за една од десетте личности на годината што ја менуваат медиумската игра, и тоа и тоа за влијанието на нејзината работа во Викимедија врз новите медиуми.From the series of slides for the 10 Менувачи на играта: Кој е највлијателниот менувач медиумската игра? – Сју Гарднер, Huffington Post

Наводи

Надворешни врски

Личен блог на Сју Гарднер

Интервју со Сју Гарднер на CNET News (видеоснимка)

Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Викимедија Категорија:Живи луѓе Категорија:Канадски новинари Категорија:Американски новинари