мини|десно|200п|Комеморативен медал Гоце Делчев, на предната страна: се наоѓа ликот на Гоце Делчев и посветата На бестрашниот македонски апостол Гоце Делчев, 1904 Чествувањето на ликот на Гоце Делчев е тесно поврзано со неговата револуционерно национално-ослободителна борба. Едно од најголемите чествувања е пренесувањето на Гоцевите останки од Софија во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ова чествување било една од најголемите манифестации во историјат на современата македонска држава со највисоки државни и воени почести.
По Гоцевата смрт, во 1904 година во Бугарија бил изработен комеморативен медал од страна на Димитар Ѓолев, во име на Внатрешната македонска револуционерна организација. Денес во Македонија и Бугарија, Гоце е национален херој и отука се подигнати голем број на споменици каде што се чествува неговиот лик и дело. Во Македонија тој се слави како еден големите чинители во создавањето на македонската национална држава.
Придонес кон македонското ослободително дело
мини|лево|150п|Христо Смирненски мини|десно|200п|Насловна страница на првиот број на весникот Македоно-одрински курир од 12 април 1903 година Гоце со својот придонес во македонското револуционерно ослободително движење влегол во традициите на македонските генерации. Апостолот придонел маногу за натамошниот развиток на македонското национално-ослободително движење, отука неговото големо значење било оценето во печатот уште во 1903 година. Особено во тоа се истакнале весниците: Изгрев, Право, Македоно-одрински курир, Автономна Македонија, Македонски преглед и итн.
Делчев со своето дело го расчистил патот за дооформување на идеите за македонската национална особеност и самостојност, идеии кој нашле силен израз во делото на Крсте Петков Мисирков, За македонцките работи. Значењето на Гоце било оценето и од Димитрија Чуповски кој презел активности за реафирмирање на македонската самостојност во меѓународни рамки Д. Чуповский, Македония и Македонцы, Македонский голос I/1, 1913, 4-5. Слична дејност презеле Ѓорче Петров и Димо Хаџи Димов во 1918 и 1919 година, кога се поставувало на решавање македонското прашање на Париската мирофна конференција. Овие двајца дејци одново ја активирале Внатрешната организација (Привремено претставништво на „поранешната Внатрешна организација“), како верни толкувачи на Гоцевите идеии. Тоа нашло израз и во акциите на ВМРО (Автономистичка) и ВМРО (Обединета).
Оделни македонски дејци и здруженија настојувале преку агитација и друга дејност да се шираат Гоцевите идеии и да ја шират револуционерната традиција. Особено биле активни дејците од Кукуш, емигранти во Бугарија. Во 1920 година било формирано читалиштето Гоце Делчев, во кое членувале: Христо Смирненски, Никола Трајков, Симеон Кавракиров и други. Од 1921 година започнал со излегување весникот Гоцев лист, уредуван од Тома Бучков. Слични листови излегувале и подоцна и одиграле значајна улога во запознавањето со живото и делото на Гоце. Во 1923 година во Софија било основано Кукушкото братство, слични друштва имало и низ другите градови низ Бугарија, преку нив се ширела Гоцевата традиција. Весникот Советска Македонија од март 1923 година му одал почит на Гоце и го вброил меѓу чесните, смелите и незасенчени идеалисти Да бъдем начисто! Съветска Македония I/I, 1923.
За ширење на Гоцевата традиција има многу сторено неговиот соборец Димо Хаџи Димов со својата статија Гоце-македонски Левски, а особено со есејот Тој плаче... Д. Х. Димов, Той плаче, 20 юлий, 4. V. 1924, напишан во 1924 година по повод 21-годишнината од Гоцевата смрт. Во есејот Хаџи Димов го одредил местото и значењето на Гоце во македонската револуционерна традиција, повикувајќи на обединување на силите. Гоцевата традиција послужила како патоказ во борбата на македонските генерации против обидите да се сврти македонското дело кон релации туѓи за неговата ослободителна епопеја. Имало обиди за мистифицирање на Гоце, но тој останал симбол на слободата. Во еден Гоцев листо од 1938 година бил истакнат Гоцевиот идеи, кои натаму не воодушевуваат и служат како стожер околу кој младината допрва треба да се сплоти Младеж, Делчев единството на македонската младеж, Гоце. Възпом. Лист 1938.
Гоцевата традиција се изразила во континуитетот на македонската ослободителна борба, изразена преку дејноста на ВМРО, Македонската федеративна организација, Македонската студентска корпорација „Гоце Делчев“, Македонското студенско друштво „Вардар“, Младинската културно-просветна организација „Тодор Александров“, Македонскиот женски сојуз, Илинденската организација, Сојузот на македонските емигрантски организации, Сојузот на македонските младински организации, ВМРО (Обединета), МАНАПО и итн. Гоцевата традиција продолжила и во опусот на Никола Јонков Вапцаров, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Михаил Сматракалев и други, кои го возвишиле Гоцевиот лик и го воспеале неговото дело.
Оставрување на Гоцевите идеи
thumb|лево|170px|Панко Брашнаров. Гоцевата традиција служела како патоказ во натамошната борба на македонскиот народ. Македонските генерации се стремеле да ги реализираат и надминат Гоцевите идеи. Тие идеи биле оставрени и спроведени во текот на НОБ и НОФ. Оваа нова борба на македонскиот народ беше само ново, во понови и потешки услови, продолжување на неговата долга национално-ослободителна борба против неговите поробувачи К. Црвенковски, Народноослободителната борба и револуционерната традиција на Македонија, Скопје, 1966. Во изразувањето на тој континуитет на продолжителна борба истакнато место имеле делото и идеите на Гоце.
Неговата дејност била инспирација за новата борба. Во текот на подготовките за подигање на вооружено востание во август 1941 година, Страшо Пинџур испратил во Прилеп значки со ликот на Гоце, а борците од Првиот партизански одред ги носеле на реверите и капите. Во прогласите и другата документација објавувана во текот на НОБ, насекаде бил присутен повикот за доследно следење на револуционерните традиции, за надоврзување и продолжување на борбата на Гоце и оживотворување на неговите идеи Извори за Ослободителната војна и револуцијата во Македонија 1941-1945, Т. I, Скопје, 1968. Во текот на оваа борба било популарно неговото име. Во септември 1942 година бил формиран битолскиот партизански одред Гоце Делчев, а во 1944 година била формирана бригадата Гоце Делчев. Името на Гоце било земано како псевдоним од страна на борците и раководителите. Знамето на Гоце се веело и меѓу партизанските одреди во Егејска и Пиринска Македонија. Во текот на НОБ и НОФ, печатот посветил виден простор за Гоце и неговото дело, биле оцртани неговата личност и дела, неговата борба за самостојност на македонското дело. Отука се извлекувале заклучоци за натамошната борба. Името на Гоце било воспеано и во народните песни од НОБ и НОФ.
Традициите на Гоце биле истакнати на Првото заседание на АСНОМ, каде што била создадена современата македонска држава Зборник АСНОМ 1944-1964, Скопје, 1964, со што биле остварени идеалите на Гоце.
Гоцевите останки
мини|лево|150п|Михаил Чаков
Признание на Гоцевата личност и била одадена со пренесувањето на неговите коски во Скопје. Коските биле чувани како скапа реликвија на македонскиот народ. Голема заслуга за ова се паѓа на македонскиот деец Михаил Чаков и Илинденската организација.
Со дозвола на османските власти, по завршувањето на Битката кај Баница, телата на Гоце и Димитар Гуштанов биле погребани заедно. Во 1906 година, Чаков се вратил во Серско. Зедно со Таската Спасов - Серски решиле да ги откопаат коските на Делчев и Гуштанов и да ги приберат. Бидејќи во близината на гробот имало османлиска стража, тие тајно ги откопале коските и ги однеле во куќата на Никола Мутафчиев, клисар во црквата Св. Никола. По барање на Чаков и Таската, тој изработил сандаче за коските и го сместил под престолот во црквата. Клисарот бил заколнат да ја чува тајната. Во 1907 година Чаков заминал за Баница и го проверил сандачето со коските на Делчев. Во текот на Првата светска војна, Никола Мутафчиев се преселил во селото Кијункој, во близината на Скеча, а тука по некоја случајност се префрлил и Чаков. Во текот на војната Баница настрадала, а сандачето со коските на Делчев останало во црквата. Чаков ги прибрал коските и ги чувал во Скеча, Пловдив и Софија, сè до 1923 година. Во август 1923 година коските на Гоце биле изложени во црквата Св. Недела во Софија, а потоа биле сместени на таванот во црквата М. Чаков, Прибирането костите на великия революционер-апостол Гоце Делчев, Ил. Илинден V/6 (46)/1933/, 6-7. По еден месец биле прибрани во Илинденскиот дом во Софија, каде што биле сместени во саркофаг на кој на предната страна била врежана заклетвата на македонските генерации да ги пренесат коските на Гоце во престолнината на МакедонијаИл. Илинден 2 (1929), 1. мини|десно|300п|Мермерен саркофаг во црквата „Св. Спас“ во Скопје во кој почиваат земните останки на Гоце Клетвата била исполнета во 1946 година. Македонија чекала цели 43 години за да ги прибере коските на Гоце. Македонските власти побарале од Националниот комитет на Сојузот на макеоднските братства во Бугарија да се согласи останките на Гоце да се пренесат во Скопје. Националниот комитет го прифатил барањето и на 4 октомври 1946 година организирал поклонение на Гоцевите останки . За пренесувањето на коските во Скопје биле изврешени посебни подготовки. Бил изработен нов саркофаг во резба од страна на македонскиот уметник Нестор Алексиев. На предната страна се наоѓал ликот на Гоце, на задната страна знамето на ВМРО, а на страничните грбот на Македонија и на Југославија. Била избрана посебна делегација и почесен одред предводен од генералот Кирил Михајловски-Груица. Според спомените на овој генерал, по официјалната церемонија во Софија, коските во придружба на околу 2 000 Македонци, ја напуштиле престолнината на Бугарија. Саркофагот со коските минал низ Пиринска Македонија, а насекаде народот му одавал последна почит на Гоце. Груица истакнува дека: На пат меѓу Симитли и Петрич во едно село каде што населението беше од Кукуш, машко и женско, старо и младо, празнично облечени - легнаа наземи кога лафетот поминуваше покрај нив Кирил Михајловски, Силно е македонското чувство, Млад борец, 15. XI. 1971, 6-7. Весникот Македонско знаме напишал:
Една трогателна манифестација на еден народ, кој бил секогаш единствен во своите идеали и остана до крај верен на Гоце Делчев... Гоце - мртов се соедини со својот слободен народ во својата слободна држава... Македонско знаме, 21. X. 1946, 3
Биле одржани посебни манифестации во Македонија. Тие ја достигнале својата кулминација на 10 октомври 1946 година во Скопје, кога останките на Гоце пристигнале во престолнината на македонската држава. Коските биле положени во црква „Св. Спас“ - Скопје, а подоцна бил изработен монументаллен мермерен саркофаг во кој почиваат земните останки на Гоце.
Национален херој
Гоце во Македонија
мини|лево|330п|Потомците на Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје (1946). Сестрите на Гоце, Тина и Велика (четврта и петта од лево) и внуката Лика Чопова (последната десно)
Веднаш по ослободувањето, македонскиот народ му одал видно признание на својот голем син. На 11 октомври 1966 година во Градскиот парк во Скопје бил откриен споменик на Гоце Делчев. Делото било изработено и подарено од бугарскиот академски вајар од македонско потекло Љубомир Далчев. При откривањето на споменикот, Лазар Колишевски одржал говор во кои ги истакнал заслугите на Делчев и неговото значење во историјата на македонскиот народ. Постаментот и просторот околу споменикот биле реконструирани во 2009 година.