Калдрма — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Ливада. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на околу 500 м северно од селото. На местото, денес се простираат ниви, на чијашто површина се пронајдени фрагменти од тегули и имбрекси. Според наводите на В. Лахтов и Н. Вулиќ, пред Втората светска војна биле откриени две засводени гробници со подни мозаици.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Ливада.
Наводи