Црква — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Мислодежда. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 3 км североисточно од селото, на висок обраснат рид. Површината на наоѓалиштето е со димензии 10 × 5 м, на кој се пронајдени остатоци од средновековна црква. Околу црквата се забележуваат камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Мислодежда; Долна Црква — некропола од доцен среден век; Сред Село — некропола од доцноантичко време.

Наводи

Категорија:Мислодежда