ФК Астон Вила е англиски фудбалски клуб со седиште во Астон, Бирмингем. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот фудбал.
Клубот е основан во 1874 година, и бил еден од клубовите основачи на Фудбалската лига во 1888 и Премиер лигата во 1992 година. Астон Вила е седумкратен шампион на Англија, но сите седум титули ги освоиле во старата Прва дивизија, потоа седумпати освојувач на ФА Купот и пет пати победник на Лига купот. На меѓународната сцена, Вила е еден од петте англиски клубови кој го освоил Европскиот куп на шампиони/Лигата на шампиони, правејќи го тоа во сезоната 1981-1982. Покрај тоа, имаат и една титула Суперкупот на Европа во 1982 година.
Својте домашни натпревари Астон Вила ги игра на стадионот Вила Парк, уште од далечната 1897 година. Традиционалниот прв дрес на клубот е во бордо боја со небесно сини ракави. Клубот има жестоко локално соперништво со Бирмингем Сити, со кој играат градско дерби уште од 1879 година.
Историја left|thumb|250px|Хари Хемптон постигнува еден од своите два гола во финалето на ФА Купот во 1905 година.
Основање и годините во Фудбалската лига (1874−1920) Астон Вила Фудбал клуб бил основан во март 1874 година, од страна на членовите на крикет клубот Вила Крос Веслијан Чапел во Хендсворт кој сега е дел од Бирмингем. Четворицата основачи на Астон Вила биле Џек Хјуз, Фредерик Матјуз, Волтер Прајс и Вилијам Скатергуд. Првиот натпревар на Астон Вила бил против локалниот рагби тим Астон Брук. Како услов за одигрување на натпреварот Вила била принудена да се согласи првото полувреме од натпреварот да се одигра според правилата за рагби, а второто полувреме спореед правилата за фудбал. По преселбата на новиот терен Велингтон Роуд, Вила наскоро се докажала како еден од најдобрите клубови во Мидландс, освојувајќи го нивниот прв трофеј, Бирмингем сениор купот во 1880 година, под капитенската лента на шкотланѓанецот Џорџ Рамзи.
right|thumb|250px|Тимот на Астон Вила во 1890-те
Во 1887 година, клубот го освоил нивниот прв ФА Куп, предводени од капитенот Арчи Хантер. Астон Вила била еден од десетината екипи кои се натпреварувале во инаугуративната фудбалска лига во 1888 година додека еден од директорите на клубот, Вилијам МекГрегор бил основач на лигата. Астон Вила се појавува како најуспешен англиски клуб во Викторијанската ера, освојувајќи пет првенствени титули и три ФА Купа до самиот крај на владеењето на Кралицата Викторија во 1901 година.Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 192. Во 1897 година, кога Вила ја освоила “двојната круна”, тие се преселиле на нивниот сегашен дом, теренот Астон Ловер. Симпатизерите подоцна го преименувале во “Вила Парк”, но нема официјални изјави дека наведениот терен се нарекува Вила Парк.Hayes, Dean; p. 170.
Подеми и падови (1920−1964) Астон Вила го освоила својот шести ФА Куп во 1920 година, пред наскоро да започне нивниот спор пад којшто ја довел Вила - во тоа време еден од најпознатите и најуспешните клубови во светскиот фудбал - до испаѓање во Втората Дивизија во 1936 година, за првпат во историјата на клубот. Ова пред сè се случило како резултат на слабата одбрана, тие примиле 110 гола во 42 натпревари, а 7 од нив постигнал Тед Дрејк од Арсенал во неславниот пораз на Вила Парк со 1-7.Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 71. Како и сите англиски клубови, Вила пропуштила седум сезони поради Втората светска војна, а токму тој конфликтот довел до тоа неколку фудбалери да ги завршат нивните кариери предвреме. Повторната изградба на тимот се случува во втората половина на 1940-тите години, под водството на поранешниот играч Алекс Меси. Во сезоната 1956-1957, Астон Вила стигнала до првиот трофеј по цели 37 години чекање, а истиот го донел друг поранешен играч на Вила, Ерик Хогтон, кој го предводел клубот до освојувањето на, тогаш рекордниот седми, ФА Куп, поразувајќи ги во финалето “Базбиевите бебиња” на Манчестер Јунајтед.Ward, Adam; Griffin, Jeremy; pp. 86–87. Конечно, напорите на менаџерот Џо Мерсер вродиле со плод и тој ја вратил Вила во првата лига како шампиони на Втората Дивизија во 1960 година. Веќе следната сезоната Астон Вила станала првиот освојувач на Лига Купот.Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 93.
Испаѓања и препород во 80-тите години (1964−1992) Принудното повлекување на Мерсер од клубот во 1964 година го означило периодот на длабоки превирања. Најуспешниот клуб во Англија имал борба да остане во чекор со промените во модерната игра, чиј крајен резултат бил испаѓање по трет пат, под водството на Дик Тејлор во 1967 година. Следната сезона навивачите повикале управниот одбор да си поднесе оставка бидејќи Вила завршила на 16-тото место во Втората Дивизија. Со огромни долгови и наоѓајќи се на дното на Втората Дивизија, управата го отпуштила Томи Камингс (менаџерот кој го заменил Тејлор), а само неколку недели подоцна целиот управен одбор поднел оставка поради преголемиот притисок од навивачите.Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 100. По многубојните шпекулации, контролата врз клубот ја презел лондонскиот финансиер Пет Матјуз, кој исто така го довел Даг Елис на претседателската функција. Сепак, ниту новиот сопственик не можел да го спречи испаѓањето на Вила, за првпат, во Третата Дивизија по крајот на сезоната 1969-1970. Сепак, Вила постепено започнала да се опоравува под раководство на поранешниот капитен на клубот Вик Кроу. Во сезоната 1971-1972 се вратиле во Втората Дивизија како шампиони, со освоени рекордни 70 бода.Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 106. Во 1974 година, Рон Сандерс бил назначен за менаџер. Неговиот сериозен пристап како тренер се покажал многу ефикасен освојувајќи го Лига купот следната сезона, а на крајот од сезоната 1974-1975 ги вратил во Првата Дивизија и во Европа.Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 111.
Вила се вратила меѓу елитата, додека во исто време Сандерс продолжил да гради победнички тим. Кулминацијата на неговата работа го донела освојувањето на седмата првенствена титула во сезоната 1980-1981. На големо изненадување на навивачите и коментаторите, Сандерс поднел оставка од функцијата менаџер на Астон Вила во средината на сезоната 1981-1982, поради влошени односи со претседателот, кога Вила се наоѓала во четвртфиналето на Европскиот куп. Тој бил заменет од неговиот асистент Тони Бартон кој го предводел клубот до историската титула во најсилното Европско натпреварување, победувајќи го Бајерн Минхен со 1-0 во финалето одиграно во Ротердам со голот на Питер Вит. Следната сезона, Вила била крунисана во победник на Суперкупот на Европа, победувајќи ја со вкупен резултат 3-1. Овие резултати го означиле врвот на Вила, а набргу потоа во остатокот од славните 80-ти години клубот нагло опаднал, што кулминирало со ново испаѓање во 1987 година.Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 148. Сепак, овојпат клубот таму се задржал кратко, изборувајќи промоција во елитата веќе следната сезона под водството на Греам Тејлор. Истиот менаџер, во првата година по враќањето во Првата Дивизија (сезоната 1989-1990) ја води Астон Вила до второто место.Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 155.
24 години во Премиер лигата (1992-2016) Вила била една од основачите на новоформираната Премиер лига во 1992 година, и во инаугуративната сезона завршиле на второто место зад Манчестер Јунајтед. Во остатокот од деведесеттите, Астон Вила минала низ тројца различни менаџери и нивните крајни лигашки позиции биле шарени, иако освоиле два Лига купа и речиси редовно се квалификувале за Купот на УЕФА. Во 2000 година, клубот стигнал до финалето на ФА купот, каде загубиле со 1-0 од во последниот натпревар што се одиграл на стариот Вембли.
Позицијата на клубот во Лигата повторно почнала да варира под раководство на неколку различни менаџери и работитего достигнале врвот во летото 2006 година кога Дејвид О`Лири си заминал со голема горчина. После 23 години поминати како претседател и најголем акционер (приближно околу 38 %), Елис конечно одлучил да ги продаде неговите акции во Астон Вила поради болест. По многубројните шпекулации било објавено дека клубот ќе го купи американскиот стопанственик Ренди Лернер, сопственик на НФЛ екипата Кливленд Браунс. Доаѓањето на новиот сопственик во лицето на Лернер и назначувањето на Мартин О'Нил за менаџер, го означиле почетокот на периодот на оптимизам во таборот од Вила Парк и драстични промени се случиле набргу потоа во клубот вклучувајќи нов амблем, нов дрес, нов спонзор како и големи промени во играчкиот кадар во летото 2007 година. О'Нил ја водел Астон Вила до три 6-ти места во финалниот пласман во Премиер лигата, а во сезоната 2009-2010 клубот играл во финалето на Лига купот, каде биле поразени од Манчестер Јунајтед со 2-1, и во полуфиналето на ФА Купот. Сепак, само пет дена пред почетокот на сезоната 2010-2011, О`Нил поднел оставка, а по само една година со Жерар Улие на чело, тренерската функција во клубот ја презел менаџерот на градскиот соперник Бирмингем Сити, Алекс МекЛиш, и покрај бројните протести од навивачите против неговото назначување; тој бил првиот менаџер кој се преселил директно од едниот во другиот клуб. Договорот на МекЛиш бил раскинат на крајот на сезоната 2011-2012, откако Вила заврши на 16-то место, со катастрофален крај на првенството од 10 кола без победа. МекЛиш бил заменет од Пол Ламберт. Во февруари 2012 година, клубот објавил финансиска загуба од 53,9 милиони фунти, и Лернер го ставил клубот на продажба три месеци подоцна, со проценета вредност од 200 милиони фунти. Со Лернер сè уште на кормилот, во сезоната 2014–2015 Астон Вила постигнала само 12 погодоци на 25 натпревари во лигата, што бил најнизок број во историјата на Премиер лигата, а Ламберт бил сменет во февруари 2015 година. Тим Шервуд го наследил Ламберт, и го спасил клубот од испаѓање, истовремено водејќи го до финалето на ФА Купот, но тој бил отпуштен во следната сезона 2015–2016, а неговиот наследник Реми Гард, не успеал да ја извади Астон Вила од зоната за испаѓање на крајот на сезоната - завршувајќи го нивниот 29-годишен престој во највисоката фудбалска лига во Англија.
Промени на сопственици, годините во Чемпионшип и промоција (2016–) Во јуни 2016 година, кинескиот стопанственик Тони Ксија го купил клубот за 76 милиони фунти. Поранешниот тренер на Челси Роберто Ди Матео бил назначен за нов менаџер на клубот, но бил отпуштен по лошиот старт на сезоната. На неговото место дошол поранешниот менаџер на Бирмингем Стив Брус. Искусниот Брус го консолидирал тимот и го предводел до 4-тото место на табелата на крајот од сезоната 2017-2018, но поразот во финалето на плејофот за промоција во Премиер лигата од Фулам ги оставил во Чемпионшип и во следната сезона. Во октомври 2018 година, Брус бил отпуштен откако добил само еден натпревар во серија од девет натпревари.
Како негова замена клубот го назначил менаџерот на Брентфорд, Дин Смит, а во улогата на негов асистент во клубот се вратил и Џон Тери. Под водството на Смит, резултатите драстично се подобриле, така што тимот завршил на 5-тото место и повторно стигнал до плејофот - помогнато од рекордната клупска серија од 10 лигашки победи по ред. Промоцијата назад во Премиер лигата после три години отсуство, конечно била постигната со победата над со 2-1 во финалето на плејофот на Вембли. Голема заслуга за промоцијата имал позајмениот напаѓач од Челси, Тами Абрахам, кој постигнал 25 гола и бил втор стрелец во првенството.
Во јули 2018 година, сопствеништвото над Астон Вила го презеле Насеф Савирис и Вес Еденс со контролен удел од 55%. Тие ветиле големи вложувања во клубот и реконструкција и тоа го исполниле откако во летниот трансферен по промоцијата, Вила била меѓу екипите со најголем број на потрошени пари за нови играчи. Сепак, и покрај дванаесетте засилувања во повратничката сезона во Премиер лигата клубот бил исправен пред битката за опстанок, која на крајот ја добива спасувајќи се во последното коло и завршувајќи на 17. место. Во меѓувреме, играчите на Смит стигнале и до финалето на Лига купот во кое биле поразени од со 2-1.
Бои, дресови и амблеми Бои и дресови