Автомобилските регистарски таблички на Андора се составени од една буква и 4етирицифрен број (пр. А1234), и го имаат грбот на Андора на левата страна и 'Principat d'Andorra' под кодот. Форматот е црни карактери на бела позадина.

Историја

Првата табличка била издадена во триесеттите години и се состоела од црни карактери на бела позадина пр. AND 1234. Сега се планира нов формат каде што во сино поле ќе биде впишано AND и грбот на Андора.

Специјални таблички MT - Се користат како привремени таблички. Се состојат од две букви на кои е впишано MT, четирицифрен број и датум до кој тоа возило е под привремени таблички.

Андора Категорија:Сообраќајот во Андора