Хилдерик II е крал на Франките од Австразија од 662 до 673, потоа крал на сите Франки од 673 до 675.
Биографија
Роден околу 655, тој е помалиот син на кралот Хлодовик II и на кралицата Батилда. Дошол на престолот на Австразија на возраст од осум години. Управувањето со кралството било вршено од страна на неговиот советник, мајордомот на палатата, Вулфоалд. Во 673, кога Теодорих III бил симнат од престолот, Хилдерик ги обединил кралствата на Франките – спојувајќи ја Неустрија со Австразија. Го сместил својот брат во манастирот Сен-Дени за да го заштити од оние кои го симнале од престолот. За свој духовен советник го земал владиката Леже од Отен.
Во 674, владиката не го одобрил бракот на кралот со неговата германска братучетка Билихилда. Тој строго го критикувал кралот. Бесен, Хилдерик го затворил Леже во манастирот во Ликсеј.
Смртта на кралот
Поради својот карактер кралот не бил омилен кај сите моќници. Затоа, во 675, Неустријците организираат завера за да го отстранат. Главен на оваа завера бил Бодилон, франкиски благородник кој бил претходно морал да истрпи телесна казна од страна на кралот. Во шумата Ливри близу до Шел, со неговите пријатели Ингоберт и Амалберт, Бодилон чекал кралот да замине на лов каде го убил и него и неговата сопруга, кралицата Билихилда, тогаш бремена Според француската Википедија. Дознавајќи за тоа, советниците на кралот на чело со Вулфоалд побегнале во Австразија. Кралот Хилдерик имал само 20 години и не оставил ниеден наследник. Тој бил закопан во Сен-Жермен-де-Пре, близу Париз каде во 1645 биле најдени гробовите на кралот, на Билихилда и на нивното дете Дагоберт според en.wikipedia.org. По смртта на кралот, неговиот брат Теодорих го наследил престолот.
Извори
- "Животот на војводата Пипин Стариот" (околу 760) :
- * ''Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :
Наводи
Категорија:Меровинзи Категорија:Франкиски кралеви Категорија:Кралеви на Бургундија Категорија:Европски монарси од 7 век Категорија:Французи од 7 век Категорија:Родени во 653 година Категорија:Починати во 675 година