Свети Мина (позната и како Свети Мартиниј или Свети Мартинијан по ранохристијанската базилика) — помала селска црква во струшкото село Ташмаруништа, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на патот за соседното село Добовјани. Патот до црквата е земјен.

Историја

Пред црквата постои сакрален објект од доцноантичко време, како и ранохристијанска базилика од V век, која е видлива и денес.

Традицијата наведува дека на ова место некогаш постоел познат стар храм, но тој бил срушен до темел од страна на Турците. Камењата од ѕидовите на манастирот биле земени од муслиманските Албанци од селото Добовјани за изградба на нивните куќи.

Параклис бил подигнат во 1918 година. Таму луѓето се собирале за Свети Мартинија и на третиот ден на Велигден.

Во 2000 година, параклисот бил срушен и на негово место по иницијатива на Кристафил Филипоски и црковниот одбор, на 16 април 2000 година бил поставен камен-темелникот на денешната црква. Истата година завршиле градежните работи на црквата.

Била осветена на 31 август 2003 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Архитектура

Црквата има еднокорабна градба.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Четврта струшка парохија Ташмаруништа

Наводи

Надворешни врски

Ташмаруништа Категорија:Македонската архитектура во 2003 година