Дејан Савиќевиќ (роден на година во Титоград (, Црна Гора, СФР Југославија) — црногорски поранешен фудбалер кој играл како офанзивен играч за врска. Од 2001 година, тој е претседател на Црногорскиот фудбалски сојуз (ФСЦГ),UEFA Magazine – Montenegro's new dawn by Aleksandar Bošković во неговиот петти мандат на оваа функција.
Савиќевиќ се сметал за еден од најдобрите играчи во светот во текот на 1990-тите и се смета за еден од најголемите југословенски фудбалери на сите времиња. За време на неговиот престој во Милан, од италијанскиот спортски печат го добил прекарот Il Genio (Генијалец).
Откако ја започнал својата професионална кариера во Будуќност во Југославија, Савиќевиќ се преселил во постабилниот клуб од првата југословенска лига Црвена ѕвезда од Белград во 1988 година, каде што станал истакнат дел од тимот што го освоил Европскиот куп 1990-1991 година и освојувајќи го второто место во 1991 година за Златна топка пред да направи голем трансфер во италијанскиот шампион Милан во 1992 година. Со Милан, меѓу другите трофеи, тој освоил три титули во Серија А и Лигата на шампионите на УЕФА 1993-94. Подоцна се вратил во Црвена ѕвезда на половина сезона во 1999 година, пред да ја заврши кариерата во Рапид Виена во 2001 година.
На меѓународно ниво, тој ја претставувал Југославија на Светските првенства на ФИФА во 1990 и 1998 година и, по повлекувањето од играњето, бил тренер на репрезентацијата на Србија и Црна Гора од 2001 до 2003 година.
По славната професионална играчка кариера која траела 18 сезони, како и краткиот и неуспешен тренерски ангажман во раните 2000-ти, тој се свртел кон административни работи - во текот на летото 2001 година станал претседател на фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
Клупска кариера Рани години Уште како мал Дејан покажувал склоност кон фудбалот и брзо го развил својот талент кон играта. Првиот обид на Савиќевиќ да игра мал фудбал се случил на 13-годишна возраст во есента 1979 година во младинскиот систем на Будуќност под тренерот Драган Шаковиќ. Савиќевиќ започнал да игра фудбал летото 1981 година во младинските тимови на ОФК Титоград. Во тоа време имал неполни 15 години што се смета за доста задоцнет почеток според професионалните фудбалски стандарди. Пред тоа и додека играл за ОФК Титоград, неговата активност со фудбалот се вртела околу отворени турнири на бетонски и земјени површини со димензии помали од оние на официјалното фудбалско игралиште. Бидејќи во Титоград во тоа време овој вид на мал фудбал бил многу популарен, се организирале многу турнири од полупрофесионален карактер во и околу градот. Иако бил премлад, Савиќевиќ играл за тим кој бил составен од играчи од неговата улица (неформалното име било Технохемија добиено по истоимениот спонзор) и тој многу брзо успеал да покаже дека е талентиран играч со одлична техника и контрола на топката.
За време на годишниот престој во ОФК Титоград тој повремено настапувал и со првиот тим, но главно играл во младинскиот состав. На инсистирање од страна на Милутин Фолиќ, тогашниот главен тренер на фудбалскиот клуб Будуќност, во јануари 1983 година на 16-годишна возраст, Савиќевиќ се преселил на спротивната страна од градот во подобриот југословенски прволигашки клуб, Будуќност.
ФК Будуќност
Од јануари 1983 до летото 1984, покрај неколкуте настапи за првиот тим, младиот Савиќевиќ настапувал за младинскиот состав на Будуќност. Освен тоа, тој редовно настапувл со Младинската репрезентација на Југославија исто како и со младинската селекција на СР Црна Гора (напоредно со идните истакнати професионални фудбалери како на пример Божидар Бандовиќ и Рефик Шабанаѓовиќ) кои се натпреварувале на годишните турнири против селекциите на другите југословенски републики.
Во летото на 1984 година, во подготовките за претстојната сезона во Првата Југословенска Лига, новодојдениот главен тренер Јосип Дуванџиќ го назначил 17-годишниот Савиќевиќ за првотимец на сметка на застарената клупска легенда Анте Мироќевиќ кој во суштина бил принуден да се пензионира бидејќи му била дадена позиција во тренерскиот персонал на клубот. Сезоната излегла катастрофална бидејќи клубот едвај се изборил за опстанок во лигата, додека на Дуванџиќ му бил даден отказ по само шест месеци на чело на клубот. Сепак лично за Савиќевиќ сезоната означувала мал скок напред бидејќи забележал 29 прволигашки настапи, постигнувајќи 6 голови.
Пред почетокот на сезоната 1986/1987, тренерот Милан Живадиновиќ ја презел контролата врз клубот и тимот започнал многу добро, континуирано држејќи чекор, останувајќи во топ трите екипи како што се одвивала сезоната. Во втората половина од сезоната тимот на Будуќност го загубил здивот, завршувајќи на крајот на 7 место во лигата, но Савиќевиќ продолжил да ги зацврстува неговите организациски и голгетерски способности. Тој дебитирал за својата репрезентација во октомври 1986 година против Турција.
Од сезоната 1987/1988, поголеми тимови како што се Црвена Ѕвезда и Партизан почнале да покажуваат заинтересираност за неговите услуги, и Савиќевиќ наскоро достигнал вербален договор за да премине во редовите на Црвена Ѕвезда. До крајот на март 1988 година, исто така и Хајдук Сплит се придружил во трката за неговиот потпис, и според тврдењата на Савиќевиќ, Хајдук Сплит ја понудил најголемата сума на пари од овие три тимови, но играчот сепак одлучил да го испочитува неговиот договор со Црвена Ѕвезда.Bio sam drzak, ali nikad ohol ;Vreme, 8 November 2012
ФК Црвена Ѕвезда
Во времето кога Савиќевиќ се придружил на шампионот од претходната година ФК Црвена Ѕвезда, екипата била предводена од 23-годишниот офанзивен играч од средниот ред Драган Стојковиќ кој веќе бил утврден како лидер на тимот. Клубот дополнително го имал супер талентираниот 19-годишен играч од средниот ред Роберт Просинечки.
По само неколку денови откако потпишал за ФК Црвена Ѕвезда, 21-годишниот Савиќевиќ добил повик да ја отслужи задолжителната воена должност која би го држела надвор од терените за целата првенствена сезона 1988/1989. Тогаш постоелем шпекулации дека времето на повикот за отслужување војска било одмазда од страна на ФК Партизан (воен клуб, наводно со многу врски до високите воени служби) врз играчот во врска со потпишувањето со нивниот најголем соперник. Служејќи во блиската касарна во Топчидер, државните власти му дозволиле да игра на европските натпревари на ФК Црвена Ѕвезда и на репрезентативните натпревари. Уште еден играч кој се приклучил кон клубот истото лето бил Дарко Панчев, 22-годишен напаѓач со огромно голгетерско искуство од ФК Вардар од Скопје, кој исто така заминал во војска веднаш по потпишувањето.
Сезона 1988/1989
Савиќевиќ, служејќи го воениот рок во тоа време, дебитирал за ФК Црвена Ѕвезда во текот на септември 1988 во натпреварот против ирскиот шампион ФК Дандок во Купот на шампионите, постигнувајќи го својот прв гол за својот клуб во победата од 3-0 во реванш натпреварот. Шест недели подоцна, Савиќевиќ настапил и во епскиот двобој од второто коло против Милан, одигран во три натпревари кон крајот на октомври и почетокот на ноември 1988 година. Тој одиграл важна улога во првиот натпревар на Сан Сиро каде што Црвена Ѕвезда тешко се изборила за нерешен резултат од 1-1 а вредниот гол на гости го постигнал Драган Стојковиќ. Реванш натпреварот во Белград претставувал уште подинамичен откако Савиќевиќ со одличен удар го довел својот тим во водство од 1-0, но германскиот судија Дитер Поли го прекинал и го поништил натпреварот поради густа магла која го опфатила градот. Реванш натпреварот се одиграл веќе наредниот ден, со идентичен резултат од 1-1, водејќи го натпреварот кон пенал завршница, каде што Италијанците победиле со 2-4 откако Савиќевиќ и Митар Мркела не успеале да ги реализираат нивните удари од белата точка.
Опишувајќи го своето време во спортското друштво на ЈНА, Савиќевиќ рекол: „Сите играчи служеа во Белград, што само по себе беше предност бидејќи тоа значеше дека не бевме на некоја оддалечена локација. Понатаму, времето го поминувавме само во касарната наутро, а попладне бевме на тренинг на стадионот, секако бевме привилегирани во споредба со другите војници на ЈНА“.
Сезона 1989/1990
Првата сериозна сезона на Савиќевиќ со ФК Црвена Ѕвезда била сезоната 1989/1990. За време на подготовките во летото 1989 година, тренерот Бранко Станковиќ бил отпуштен и како замена бил донесен Драгослав Шекуларац. Промената добро му се одразила на Савиќевиќ, бидејќи тој и Драган Стојковиќ никогаш не се согласувале со Станковиќ.
Савиќевиќ помогнал на ФК Црвена Ѕвезда да освои три последователни титули во домашното првенство во сезоните 1989/90, 1990/1991 и 1991/1992, два државни купови во 1990 и 1992 година, исто како и Купот на Шампионите на Европа и Интерконтиненталниот куп, и двата во 1991 година.
Во 1991 година, по европскиот успех на ФК Црвена Ѕвезда, Савиќевиќ се нашол на делба на второто место во гласањето за европски фудбалер на годината (Ballon d’Or). Во изборот на весникот Спорт, тој бил прогласен за најдобар спортист на Југославија.
Милан Огромната контрола и визија на Савиќевиќ ги убедиле шампионите на Серија А, Милан, да ги обезбедат неговите услуги за 30 милиони германски марки (9.4 милиони фунти) пред почетокот на сезоната 1992/1993 како дел од 34-те милиони фунти за трансфери кои Силвио Берлускони ги инвестирал во клубот тоа лето. На веќе ѕвездената екипа во текот на истиот трансфер период пристигнале и играчите од светска класа, Жан-Пјер Папен (во тој момент најскап светски трансфер вреден 10 милиони фунти но само за неколку недели, сè додека Јувентус не го купил Џанлука Вијали од Сампдорија за 12 милиони фунти) Звонимир Бобан, Џанлујџи Лентини (уште еден најскап светски трансфер на Берлускони за 13 милиони фунти) и Стефано Еранио.
Сезона 1992/1993
Така на Дејан му била укажана можност да ги покаже своите способности во лигата кој претставувала финансиски центар на европскиот клупски фудбал – лига каде што настапувале најдобрите фудбалери на светот. Во Серија А дебитирал на гости во Пескара на 13 септември 1992 година, два дена пред неговиот 26 роденден. Тој ден Милан победил со резултат од 4-5 на стадионот Адријатико.
Сепак неговата прва сезона за Милан под водство на тренерот Фабио Капело била прилично скромна, бидејќи настапил само на 10 натпревари во лигата, придонесувајќи 4 голови во успешната одбрана на титулата на Милан. Бидејќи трансферот на Савиќевиќ бил повеќе на Берлускони отколку на Капело, тренерот прилично многу го игнорирал во текот на првата половина од сезоната. Ол-стар тимот на Милан во влијателниот Марко ван Бастен веќе поседувал креативен играч од средниот ред ,кој кога не бил повреден бил приоритетната опција од страна на Капело низ поголемиот дел од сезоната. Дури 30-годишниот Руд Гулит кој сè повеќе станувал маргинална фигура во Милан, под водство на Капело сè уште бил пред Савиќевиќ во изборот на тимот во поголемиот дел од времето. Како резултат на спроведувањето на правилото за тројца странци од страна на УЕФА во тоа време, Савиќевиќ често се наоѓал себеси изоставен од екипата за време на натпреварите бидејќи во прилог на Гулит и Ван вастен, списокот на Милан вклучувал и висококвалитетни странци како Франк Рајкард, Папен и Бобан. Покрај тоа, Капело за својата тактика често претпочитал играчи од средниот ред таканаречени „работници“ како што се Деметрио Албертини и Стефано Еранио отколку скапите креативни странски засилувања.The night of glorious triumph that made Capello, The Guardian, 13 December 2007 Не земајќи ги предвид супериорните технички способности на Црногорецот, иако ги препознавал неговите таленти, оценката на Капело за Савиќевиќ била дека тој играл „во југословенски стил - тој беше ѕвезда и другите мораа да играт за него“.Henry Winter: England could do with a Dejan Savicevic, president of the Montenegro FA;The Telegraph, 12 October 2010