Последната песна (филм) Од Википедија, слободната википедија

Последната песна

Аматерско издание на постерот

Режиран од Џулие Ан Робинсон Адам Шанкман Продуциран од Џенифер Гибгот Дара Ваинтрауб (копродуцент) Тиш Сајрус (извршен продуцент) Напишан од Николас Спаркс Џеф Ван Ви Учествуваат Мајли Сајрус Лијам Хемсворт Кели Престон Грег Кинеар Музика Арон Цигман Кинематографија Џон Линдлеј Монтажа Ненси Ричардсон Студио Offspring Entertainment Дистрибуиран од Touchstone Pictures Датум на прикажување 31 март 2010 година Времетраење на филмот 107 минути Држава Соединетите држави Јазик Англиски Буџет 20 милиони долари Бруто добивка 89.041.656 илјади долари

„Последната песна“ е американска драма за полнолетни, која е создадена заедно во исто време со новелата од Николас Спаркс. Филмот беше режиран од Џулие Ан Робинсон во нејзиниот прв игран филм и кописатели Николас Спаркс и Џеф Ван Ви. Глумецкската екипа во „Последната песна“ се состои од Мајли Сајрус, Лиам Хемсворт и Грег Кинеар. Мајли Сајрус е проблематичен тинејџер којшто повторно се поврзува со нејзиниот оддалечен татко, таа се заљубува за време на летото во тивкиот град на плажа во Јужните Соединети Држави. Филмот е дистрибуиран од страна на „Touchstone Pictures“. Спаркс започнал со пишување на филмското сценарио и романот истовремено.Тој го завршил сценариото во јануари 2009 година, пред да се заврши романот. Средината во која се снимал филмот е Северна Каролина (North Carolina) исто како и во романот, а потоа променета е во Џорџија, откако државите со месеци си планирале домашна продукција. На почеток на филмот снимањето беше на островот Таиби, Џорџија, близу Савана, „Последната песна“ беше првиот филм сниман и изведен на островот Таиби. Снимањето траеше од 15 јуни до 18 август 2009 година, со сцени од плажата на островот и пристаништето. Неговото прикажување најпрвин се планираше за 8 јануари 2010 година, но беше одложено за 31 март 2010 година.

Содржина Скриј • 1 Содржина • 2 Глумечка екипа • 3 продукција • 3.1 Развој • 3.2 Пишување и наслов • 3.3 Кастинг • 3.4 Снимање • 3.4.1 Преселба во Џорџија • 3.4.2 Каде се одвива дејството (во филмот ) • 3.4.3 Распоред за снимање • 3.4.4 Големи морски желки • 3.5 Постпродукција • 4 Краен резултат и саундтрак • 5 Издавање • 5.1 Маркетинг • 5.2 Благајна • 5.3 Блу-реј и ДВД Уреди Содржина Поврзано: Содржина на романот Вероника (Рони) Мајлер (Miley Cyrus) на својата 16годишна возраст станува многу бунтовна откако нејзините родители се развеле на многу лош начин, па татко и се преселил во Џорџија пред три години. Порано кога била мала била пијанистка на класична музика, учена од татко и, Стив Милер (Greg Kinnear), но сега таа нема желба за свирење и не разговара со татко и откако тој ги напуштил. Кога училиштето Џулиард (Julliard School) било заинтересирано за на, таа одбивала да се пријави. Сега на Стив му е дадена можност за повторно да се здружи со ќерка му, која е многу оддалечена од него, кога нејзината мајка Ким (Kelly Preston) ги испраќа тинејџерката и нејзин помал брат Џонах (Bobby Coleman), да го поминат летото со него. Стив, поранешен професор на училиштето Џулијард и пијанист со свои концерти, сега живее мирен живот на островот Таиби, мал град на плажа во Џорџија, каде што тој израснал, работејќи на едно обоено стакло за локалната црква, кое што требало да се замени со исто такво поради пожар. Според луѓето во тој крај, Стив го подметнал тој пожар во црквата таа вечер. По пристигнувањето, Рони е несреќна, полна со непријателски и одбранбен став спрема се околу неа, вклучувајќи го и згодниот, популарен Вил Блејкли (Liam Hemsworth), кој се запознава со неа, прекинувајќи и го натпреварот во одбојка, разливајќи шејк од јагода врз неа. Таа го игнорира него и го запознава Блејз, една бездомничка која што живее со дечко и Маркус. Една вечер, покрај еден логорски оган на плажа, Маркус случајно наидува на Рон, а Блејз помислува дека Рони флертува со него. Разлутена поради ова, Блејз подметнува една бразлетна во ташната на Рони во една продавница. Откако Рони тргна да си оди оттаму, таа е веднаш уапсена, а татко и и брат и ја враќаат дома по тој незгоден настан. Подоцна, Рони открива гнездо со големи морски желки на плажата покрај нејзината куќа, а додека го чува гнездото од какви било напаѓачи, повторно го среќава Вил за време на неговата волонтерска работа за еден аквариум. Вил и Рони ја поминаа заедно цела ноќ, бранејќи ги желките од ракуни, притоа таа открива колку добро момче е тој отколку што мислела, па започнува да и се допаѓа. Откако таа се заљубува во Вил, успева да изгради и еден подобар, попријателски однос со татко и. Нивната врска се зацврстила доволно за тој да ја покани на свадба кај сестра му. Наредниот ден, мали желчиња се изведуваат од јајцата. Таа вечер нејзиниот татко претпрпува слом од преголема кашлица. Рони веднаш го носи Стив во болница, каде што им соопштуваат дека тој е болен од рак долго време пред да започне летото (во една претходна сцена, тој вели дека примал лекови и најверојатно тој го подметнал пожарот во црквата.) Таа решава да помине подолг перидо со нејзиниот татко, бидејќи тој нема да живее долго. Во меѓувреме, Рони и Вил се расправаат, бидејќи тој признава дека Маркус го подметнал пожарот, но никогаш не расчистил со тоа. Тие мораат да се разделат, поради заминувањето на Вил на колеџ. Нема време за расчистување на работите. Стив работел на едно музичко парче веќе подолго време. Доаѓа есен, па поради почеток на новата учебна година, Џонах мора да си оди во Њујорк, а Рони останува да го чува татко и. Рони се обидува со само неколку месеци да ги надополни последните три години на игнорирање на нејзиниот татко. Таа продолжила со правење на тоа музичко парче (што се вика „За Рони“), завршувајќи го она што татко и не би можел (поради неговите раце). Кога таа заврши со свирење на последнатиот акорд, таа виде дека татко и починал натажен, слушајќи ја како свири на пијаното. На неговиот погреб, Рони станува да одржи говор, но таа вели дека ниеден од говорите што таа претходно ги напишала не би можел да покаже колку прекрасен татко бил. На крај, таа отсвирела дел од едно музичко парче што татко и не успеал да го заврши. По погребот, додека Рони разговара со луѓето задолжени за послужување, таа налетува на Вил. Тие се смируваат, но не се заедно официјално сè уште. На крај на филмот Рони му кажува на Вил дека таа ќе се оди во училиштето Џулиард следниот семестар. Вил многу ја изненадува со тоа што и кажува дека ќе се префрла во Колумбија за да биде со девојката што ја сака.

Уреди Глумечка екипа (под слика) Од лево кон десно, членови на глумечката екипа Адам Барнет, Ник Лашвеј и Карли Чајкин одат кон снимањето на сцената со логорскиот оган од страна на шатор на островот Таиби на 30 јули во 2009 година. • Мајли Сајрус (Miley Cyrus) – Вероника „Рони Л. Милер“, нервозна, бунтовна девојка на 18 годишна возраст, присилена да го помине летниот период со нејзиниот оддалечен татко. • Грег Кинеар (Greg Kinear)- Стив Милер, татко на Рони и Џонах, како и поранешен професор на училиштето Џулиард, пијанист на концерти, кој се преселил во Џорџија по разводот со жена си. За време на летниот период, Стив повторно се поврзува со Рони преку нивната заедничка љубов кон музиката. Стив со помош на неговиот син Џонах, работи и на реконструкција на средишниот дел во локалната црква, на едно обоено стакло од прозорец, откако првичното било уништено во пожар. • Кели Престон (Kelly Preston) –Ким, мајката на Рони и Џонах, која што своите деца успеала сама да ги одгледа во Њујорк по разводот. • Лиам Хемсворт (Liam Hemsworth) –Вил Блејкли, славниот, искусен одбојкар на плажа, Вил има желба за студии на најдобар универзитет и волонтира во Џорџискиот аквариум. Негова љубов е Рони. • Боби Колман (Bobby Coleman) –Џонах Милер, помал брат на Рони , кој заедно со својата постара сестра се испратени на островот Таиби. • Ник Лашвеј (Nick Lashaway)- Маркус, момчето на Блејз, малтретирачки настроено кон нејзе, којшто раскинува со неа, бидејќи ја сака Рони. Тој има тепачка со Вил на свадбата на Меган и е предводник на една гангстерска група, која што изнудува пари преку спектакуларни жонглирања и игри со оган на карневали организирани на плажа. • Карли Чајкин (Carly Chaikin)- Блејз, бунтовник, која и станува пријателка на Рони во Џорџија. Блејз ја предава Рони дека краде по продавници, подметнувајќи и рачен часовник. • Адам Барнет (Adam Barnett)- Теди, млад насилник, експерт за жонглирање, вештина што ја користи во дружината на Маркус при изнудување на пари. • Ник Сарси (Nick Searcy)- Том Блејк, татко му на Вил. • Мелиса Ордвеј (Melissa Ordway)- Ашли, поранешната девојка на Вил. • Кери Малабре (Carrie Malabre)- Кејси, најдобрата пријателка на Ашли, што заедно со неа ја нервираа Рони. • Рода Грифис (Rhoda Griffis)- доктор • ЛансЕ. Николс (Lance E.Nichols) – Свештеник Чарли Харис, учтивиот, посветен свештеник во локалната црква. Тој беше учител на Стив по пијано, родител и најдобар пријател додека Стив растел. • Халок Билс (Hallock Beals)- Скот, љубоморен пријател на Вил, којшто се обидувал да направи проблеми помеѓу Вил и Рони. • Стефани Леиг Шлунд (Stephanie Leigh Schlund)- Меган Блејкли, постара сестра на Вил, којашто треба да се мажи.

Уреди Продукција Уреди Развој

(под слика) Глумицата Мајли Сајрус на шминкање за снимањето

„Последната песна“ започна кога извршниот продуцент Џејсон Рид се сретна со Мајли Сајрус да разговараат за нејзините планови во иднина. Во тоа време, Мајли Сајрус беше позната како поп ѕвезда која што глумеше на „Дизни каналот“ („Disney Channel“) во „Hannah Montana“ („Хана Монтана“), телевизиски серии за деца што се проширија на глобално ниво и воедно доби привилегија на многу медиуми. Како што привршуваа сериите, Дизни се надеваше дека ќе ја направи Мајли Сајрус повеќе од една поп ѕвезда и ќе ја претстави на постарата публика. На средбата со Рид, Мајли му соопштила дека сака да глуми во филм сличен на „Прошетка за паметење“, направен врз основа на еден роман на Николас Спаркс во 2009 година. Филмот „Прошетка за паметење“ и помогна на Менди Мур, која што беше тинејџерка поп ѕвезда како нејзе да создаде своја филмска кариера. Дизни го повикал Адам Шанкман, режисерот на „Прошетка за паметење“, којшто потпишал да снима филм со Сајрус заедно со неговата сестра и партнер од Offspring Entertainment Production, Џенифер Гибгот (Jennifer Gibgot). Тиш Сајрус (Tish Cyrus), мајката на Мајли и коменаџерот, станаа извршни продуценти на филмот. По претставувањето на Сајрус со глума, United Talent Agency (Агенција за таленти), контактираше со Спаркс, кој е исто така член на оваа агенција и го прашаа какви планови има тој, поточно дали планира да се направи филм за соодветниот роман во кој би глумела Сајрус.