СОЦИОЛОГИЈА Социологијата е наука за општеството. Таа е општествена наука, термин со кој таа честопати се поистоветува, која користи најразлични методи на емпириско истражување и критичка анализа, за да оформи и усоврши одредени знаења за човековата општествена активност, честопати со цел за променување на такви знаења за занимавање со општествената благосостојба. Темите варираат од микро нивоа во агенциите и нивните заемни влијанија, до макро нивоа на системите и општествените структури. Социологијата е и тополошки и методолошки една многу широка дисциплина. Нејзините традиционални фокуси вклучуваат општествена стратификација (раслојување), општествени класи, општествена подвижност, религија, секуларизација (одделување од црквата), закон и девијантности (отклонувања). Со оглед на тоа дека сите сфери на човековата активност се „извајани“ според општествената структура и поединечната агенција, социологијата постепено го прошири својот фокус на дополнителни теми како што се здравството, воените и казнените институции, интернетот, па дури и улогата на општествената активност во развивањето на таквото научно знаење. Опсегот на општествените научни методи исто така се има значитело проширено. Истражувачите на општеството се ослонуваат врз неколку квалитативни и квантитативни техники. Лингвистичките и културните пресврти во средината на дваесеттиот век доведоа до изразито толковни, херменевтски (херменевтика: наука за постапките на луѓето) и филозофски пристапи кон анализата на општеството. Спротивно на тоа, во последните децении е дојдено до подем на нови, аналитички, математички и пресметковни строги (детални, прецизни) техники, како што е моделирањето врз основа на агент и анализата на општествените мрежи. Историја Потекло
Огус Комт Општественото размислување му претходи на основањето на дисциплината. Општествената анализа води потекло од вообичаените сфери на западњачко знаење и филозофија и истата се врши најрано уште од пред времето на Платон. Потеклото на прегледот, односно збирката на информации од примерок на испитаници, може да се утврди дека датира уште од времето на книгата „Последниот суд“ од 1086 година, кога важни филозофи, како на пример, Конфуциј, пишувале за важноста на општествените улоги. Постојат податоци за најрана социологија во средновековниот ислам. Некои го сметаат Ибн Калдун, арапски стручњак (учено лице) по ислам од 14-иот век од северна Африка, за прв социолог; неговата книга Mugaddimah веројатно била првото дело кое ги унпредило општествено-научните размислувања за општествената кохезија и општествениот конфликт. Зборот социологија потекнува од латинските зборови socius што значи „придружник“ и ology, „проучување на“, и од грчкиот збор logos, што значи „збор“ и „знаење“.Тој првпат е употребен како кованица во 1780 година од францускиот есеист Емануел-Јозеф Сијес (1748-1836) во еден необјавен ракопис. Подоцна социологијата беше дефинирана одделно од страна на францускиот научен филозоф Огуст Комт (1798-1857), во 1838 година. Комт порано го имаше користено терминот „општествена физика“, кој подоцна беше користен и од други, особено од белгискиот статистичар Адолф Кетеле. Комт се обидел да ги соедини историјата, психологијата и економијата преку научно разбирање на „кралството“ на општественото. Пишувајќи непосредно по неспокојот доведен од Француската револуција, тој тврдел дека општествените проблеми би можеле да се санираат преку општествен позитивизам, еден епистемолошки (епистемологија: наука за спознанието) пристап изнесен во Правци во позитивната филозофија (1830-1842) и во Оптш преглед на позитивизмот (1848). Комт верувал дека фазата на позитивизмот ќе биде конечното доба, по претпоставените теолошки и метафизички фази, во напредувањето на човековото сфаќање. Во проучувањето на кружната зависност на теоријата и набљудувањето во науката, а и по извршено класифицирање на науките, Комт може да се смета за првиот научен филозоф во модерната смисла на зборот. Комт изврши значително влијание врз развојот на социологијата, влијание кое донесе плодови во подоцнежните децении на XIX век. Тврдејќи го ова, секако не тврдиме дека француските социолози, како на пример, Дуркеим, биле посветени следбеници на високиот свештеник на позитивнизмот. Но, со самото инсистирање на неменливиот карактер на секоја од неговите науки, односно, неможноста тие да се сведат на некоја конкретна наука над сите науки, која е претпоставена во хиерархијата, како и со нагласување на природата на социологијата како научно проучување на општествените феномени, Комт ја стави социологијата на врвот на пиедесталот. За посигурни податоци, почетоците на социологијата можат да се померат уште поназад, пред Комт, сè Монтескје и Кондорсе, а да не зборуваме и за Сен Симон, непосредните претходници на Комт. Но, Комтовото очигледно прифаќање на социологијата како одделна наука, со свој сопствени особености, го оправда Дуркеим, кој го сметаше Комт како татко или основач на оваа наука, и покрај фактот дека Дуркеим не ја прифатил идејата на трите држави и го критикувал пристапот на Комт кон социологијата.
Карл Маркс И Комт и Карл Маркс (1818 -1883) се нафатија да создадат научно оправдани системи на прагот на европската индустријализација и секуларизација, информирани од различните а клучни движења во филозофиите на историјата и науките. Маркс го отврли позитивизмот на Комт, но, во неговиот обид да создаде наука за општеството, тој сепак денес се прифаќа како основач на социологијата, бидејќи самиот збор носеше пошироко значење. Според Исаија Берлин, Маркс може да се смета за „вистински татко“ на модерната социологија, иако секој може да се бори за таа титула. Давањето на јасни и унифицирани одговори со познати емпириски термини на оние теоретски прашања кои најмногу ги окупирале умовите на луѓето во тоа време и извлекувањето од нив на јасни практични изведени заклучоци, без создавањето на очигледно вештачки врски помеѓу овие два елементи, тоа било основното достигнување на Марксовата теорија. Социолошкиот третман на историски и морални проблеми, кои Комт, а по него и Спенсер и Таин, ги имаат дискутирано и зацртано, стана една прецизна и конкретна студија само откако нападот врз милитантниот марксизам ги претвори нејзините заклучоци во горливи теми, со што ја направи потрагата по докази уште пожестока, а вниманието насочено кон методата уште посилно.
Херберт Спенсер Херберт Спенсер (17 април 1820 - 8 декември 1903) бил еден од најпопуларните и највлијателни социолози од 19-иот век. Проценето е дека тој продал еден милион книги во текот на својот животен век, далеку повеќе од кој било друг социолог во неговото време. Неговото влијание било толку силно што голем број на други мислители од 19-иот век, вклучувајќи го и Емил Дуркеим, ги дефинирале своите идеи во однос на него. Дуркхамовата струја наречена Трудот во општеството е во значителна мера една проширена дебата со Спенсер од чија социологија, многу коментатори сега се согласни, Дуркеим значително многу позајмувал. Бидејќи бил и познат биолог, Спенсер ја создал кованицата „преживување на најдобрите“.Додека марксистичките идеи го дефинирале едно од гледиштата на социологијата, Спенсер бил критичар на социјализмот како и силен агитатор за стил на владеење од типот „пушти ги да прават што ќе прават“.Неговите идеи беа значително проучувани од страна на конзервативните политички кругови, особено во САД и во Англија. Основите на академската дисциплина
Емил Дуркеим Формалната академска социологија ја основа Емил Дуркеим (1858 - 1917), кој го разви позитивизмот како основа за практично проучување на општеството. Дуркеим ја основа правата европска катедра за социологија во универзитетот во Бордо во 1895 година, со објавување на неговото дело Правилата на социолошката метода. Во 1896 година тој го започна журналот Социолошка година. Антолошката монографија на Дуркеим Самоубиство (1897), проучување на стапката на самоубиства меѓу римските католици, еврејската и протестантската популација, ја оддели социолошката анализа од психологијата или филозофијата. Таа исто така претставуваше значителен придонес кон теоретскиот концепт на структуралниот функционализам. Тој се обиде да ги примени социолошките наоди во потрагата по политичка реформа и општествена солидарност. Според Дуркеим, социологијата би можела да се опише како „наука на институции, нивната генеза и нивно фунцкионирање“. Првиот факултетски предмет под име „Социологија“ го предаваше во САД на Јеил универзитетот во 1875 година Вилијам Греам Самнер. Во 1883 година Лестер Ф. Ворд, првиот претседател на Американското социолошко здружение, го објави делото Динамична социологија - или применета општествена наука заснована врз статичката социологија и поедноставните науки, со што ја нападна социологијата на „пушти ги да прават што ќе прават“ на Херберт Спенсер и Самнер. Вордовата книга од 1 200 страници беше употребена како базичен материјал на многу од првичните предавања за социологијата во Америка. Во 1890 година започна најстариот, до денес постоечки, курс (предмет) во модерната традиција, на универзитетот во Канзас, кој го предаваше Френк В. Блекмар. Катедрата за социологија на универзитетот во Чикаго беше основана во 1892 година од Албион Смол. Џорџ Херберт Мед и Чарлс Кули, кои се запознаа на универзитетот во Мичиген во 1891 година (заедно со Џон Дјуи), се преселија во Чикаго во 1894 година. Нивното влијание доведе до појавата на социјалната психологија и симболичниот интеракционизам на модерната чикашка школа. Американски социолошки журнал беше првпат издаден во 1895 година, и беше следен од Американско социолошко друштво (АСД) основано во 1905 година. Социолошкиот „канон на класиците“, предводен од Дуркеим и Макс Вебер, му должи делумно и на Талкот Парсонс, на кој му се припишува и запознавањето на американската јавност со нив двајцата (Дуркеим и Вебер). Парсонс ја консолидираше социолошката традиција и ја утврди агендата за американската социологија во мигот кога таа имаше најголем подем во полето на дисциплините. Социологијата во Соединетите Држави беше историски помалку под влијание на марксизмот отколку истата во Европа, и до ден денес таа претежно останува постатична во својот пристап.
Писта на Фердинанд Тоние во Хузум, Германија