Улрих Фридрих Вилхелм Јоахим (фон) Рибентроп (; 30 април 1893 – 16 октомври 1946) — нацистички политичар и министер за надворешни работи на Третиот рајх.

Рибентроп е роден во Весел, на Валпургината ноќ. Вонредно е образован во приватни училишта во Германија и Швајцарија. Течно говорел англиски и француски јазик. Од 1910 до 1914 година работел во Канада како увозник на германски вина. Учествувал во Првата светска војна, добил чин поручник и орденот Гвозден крст. Бил пријател со Франц фон Папен. Во јули 1920 се оженил. Во бракот имал пет деца. Пред војната наводно имал афера со Волис Симпсон.

На Нирнбершкиот процес е прогласен за виновен по сите четири обвинителни акти и е осуден на смрт. По погубувањето, неговото тело заедно со телата на останатите злосторници е кремирано, а остатоците се истурени на непознато место во некоја река.

Поврзано Пакт Рибентроп-Молотов Нирнбершки процес

Категорија:Германски политичари Категорија:Националсоцијалисти Категорија:Осудени за воени злосторства Категорија:Членови на НСДАП Категорија:Германци од Првата светска војна Категорија:Германци од Втората светска војна Категорија:Националсоцијалистички водачи Категорија:Носители на Железниот крст (1914) од I класа Категорија:Германски мемоаристи Категорија:Родени во 1893 година Категорија:Починати во 1946 година