Мари (англиски: Moray, гелски: Moireibh или Moireabh) е управна област во Шкотска. Сместена е на североистокот на земјата, со крајбрежје на Марискиот Ферт. Се граничи со областите Абердиншир и Хајленд.
Населени места Аберлоур, Алвс, Антенк, Арадоул, Аркарт, Арчистаун Баки, Богмур, Бродли, Бургхед Гармут, Горно Далахи Долно Далахи Далас, Дескфорд, Дипл, Драјбриџ, Дафтаун, Дафас, Дајк Елгин Ијанстаун, Инчбери Кален, Камингстон, Кингстон, Кинлос, Кит, Клохан, Крејгелахи Ланбрајд, Лонгморн, Лосимут Мил оф Тајнет, Мостодлох Њумил Ордиквиш, Охенхалриг Портгордон, Портноки Ратвен, Рафорд, Ротими, Ротс Спеј Беј Томинтоул Финдхорн, Финдхоти, Фогват, Форс, Фохаберс Хоупман
Население За разлика од многу други региони во Шкотска каде населението опаѓа, населението на Мари до 2024 се очекува да порасне на 91.000 жители.
Јазик Првиот пишан наод за јазикот датира од 1705, каде се вели дека сето население на Мари (со исклучок на крајбрежјето) говори гелски.Withers, C. Gaelic in Scotland 1698-1981 (1984) John Donald Publishers ISBN 0-8597-097-9 Веќе во 1822 јазикот се задржал само во само најјужниот дел, каде највеќе 10% од населението гелскиот го зборувале подобро од англиски. Кон крајот на XIX век ситуацијата се подобрува, па во периодот од 1881 до 1921 процентот на гелски говорници во Мари се движел вака:
Година Говорницина гелски (%)1881 2,6318915,6419014,4819112,9819212,081991SCROL 0,56
Оттогаш наваму говорниците на гелски сочинуваат помалку од 1% од населението. За сметка на гелскиот, во Мари најпрвин предоминирал дорскиот дијалект на шкотскиот јазик, а потоа со шкотското наречје на англискиот јазик.
Наводи
"MORAY 2020: STRATEGY FOR THE DIVERSIFICATION OF THE ECONOMY OF MORAY FOLLOWING RESTRUCTURING OF THE RAF BASES AT KINLOSS AND LOSSIEMOUTH"
Надворешни врски Совет на Мари
Мари Спејсајд - информации
Категорија:Управни области во Шкотска