Бабин Јар () — место во Киев, Украина, каде било извршено масовно убивање на претежно еврејското население на земјата од страна на нацистичката Вафен-СС во времето на Втората светска војна.

Пред злосторот

По нападот на Нацистичка Германија на територијата на Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година, германските сили започнале многу бргу да напредуваат по источната линија. На 19 септември 1941 година, германските сили пристигнале во Киев. И покрај тоа што градот бил бранет од страна на членовите на Црвената армија, тие во целина ја пуштиле германската војска во градот, сметајќи дека дошол крајот на Сталиновото владеење во земјата. Но оваа мислење многу бргу се променило. На 28 септември, во градот биле распространети летоци на кои пишувало:

Така, скоро сите жители, вклучително и 175.000 евреи во целиот регион, сметале дека станува збор за депортација. Всушност, нацистите зеле решение уште на 26 септември, сите Евреи да бидат убиени, како одмазда за серии од бомбардирања врз германските инсталации, за кои биле обвинети Евреите. По војната станало јасно дека овие бомбени акции биле спроведени од страна на членовите на НКВД, за да го забават германското напредување во внатрешноста на земјата.

Злосторот

Така, Евреите биле соберени покрај гробиштата, очекувајќи да бидат испратени во вагоните и да бидат депортирани. Тие биле избирани на мали групи од по десет членови. Според А. Кузнецов:

По ова, на Евреите им било наредено да се соблечат, а доколку некој откаже, истиот бил тепан, а на крајот биле застрелани. Така според Einsatzgruppen Operational Situation Report No. 101, најмалку 33.771 Евреи од Киев биле убиени на Бабин Јар на 29 и 30 септември 1941 година. Како целина, околу 60.000 луѓе биле убиени подоцна, вклучително и Роми и советски военоначалници.

Последици

По војната, советското раководство, поддржувајќи ја антисемитската политика, го одбегнало чествувањето на етничка основа. Поради оваа причина, неколкуте обиди за изградба на меморијален центар на Бабин Јар останале без успех.

Сепак, во 1976 година бил изграден официјален споменик на советските граѓани кои загинале кај Бабин Јар. Меморијалниот споменик на загинатите Евреи бил поставен во 1991 година.

Категорија:Историја на Киев Категорија:Еврејско-украинска историја Категорија:Масакри во Украина Категорија:Масакри во Советскиот Сојуз Категорија:Советско-германска војна Категорија:Холокауст Категорија:Гробишта во Киев Категорија:Шевченковски реон Категорија:Источен фронт (Втора светска војна) Категорија:Германски воени злосторства во Втората светска војна Категорија:Масакри во Втората светска војна Категорија:Украина во Втората светска војна