Биковња (украински: Биківня, руски: Быковня, полски: Bykownia) е поранешно мало село на периферијата на Киев, Украина, што било припоено кон градот во 1923 година. Познато е по истоимениот национален меморијален центар.

За време на сталиновиот период во Советскиот Сојуз, Биковња претставувало место каде НКВД спровеле погубувања и погреби на илјадници луѓе, непријатели на советската влада . Според некои извори, бројот на жртвите се движи од 30.000"Ukraine reburies 2,000 victims of Stalin's rule". Reuters. 27 October 2007 до 100.000 како и до 120.000 луѓе , иако според други проценки, бројот на жртвите бил до 200.000 па дури и до 225.000 погубувања.

Историја

Од почетокот на 1920 година до крајот на 1940-тите, односно во времето на сталинистичките чистки, советската влада започнала да ги собира телата на убиените политички затвореници на боровите шуми надвор од селото Биковња и ги погребувала во гробница од 15.000 м2. Досега се идентификувани 210 масовни гробници од страна на полските и украинските археолози кои работат на наоѓалиштето.

Масовната гробница била откриена од страна на Германците, заедно со многу други такви места во Советскиот Сојуз. Сепак, по откривањето на Катинскиот масакр, Биковња не била дел од германскиот план на место за погубувања. Во 1950 година селото било реконструирано како предградие на Киев. Во 1970-тите години советските власти планирале да изградат голема автобуска станица на местото на масовната гробница, но идејата не успеала.

Освен политички погубувања, се смета дека на ова место биле убиени и полски војници и офицери кои во 1939 година биле заробени по нападот на СССР врз Полска. Нивниот број изнесува 3.435 луѓе. Сепак, во текот на советската ера било невозможно да се спроведе некакво истражување околу тоа за колкав број на жртви станува збор. Во 1962 година, Васил Симоненко бил до смрт претепан поради обвинување за жртвите.

По падот на комунизмот, на 30 април 1994 година бил изграден голем меморијален споменик на жртвите на комунизмот. Приближно во исто време биле спроведувани и археолошки ископувања од страна на полски и украински археолози. Во 2001 година, Виктор Јанукович местото го прогласил за историско-меморијален комплекс. Виктор Јушченко станал првиот претседател на Украина кој учествувал во чествувањето 100.000 луѓе закопани во масовната гробница во околината на Киев. Тогаш тој изјавил: Ние мораме да ја знаеме вистината бидејќи нашиот народ изгубил повеќе од 10.000.000 луѓе без борба.

Наводи

Категорија:Масакри во Украина Категорија:Масакри во Советскиот Сојуз Категорија:НКВД Категорија:Украинска ССР Категорија:Споменици во Киев Категорија:Историја на Киев

uk:Биківнянські могили