Јохан Вансумерен (; р. во Ломел) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата .

Животопис

Вансумерен е роден, пораснал и живее во Ломел, Фландрија, Белгија. Со 1,97 метри, Вансумерен е меѓу највисоките велосипедисти во групата.

По две сезони во аматерските води, Вансумерен станал професионалец со екипата во 2004 година.

Улогата на Вансумерен е главно како помошник, меѓутоа на класиците настапува самостојно и како предводник на својата екипа. Во 2011, Вансумерен ја освоил најголемата трка во неговата кариера со победата на Париз-Рубе. Вансумерен го направил победничкиот потег по одвојувањето од другите тројца возачи на 15 километри пред крајот, одржувајќи ја разликата на 19 секунди на велодромот во Рубе. Ја освоил трката и покрај тоа што завршните пет километри од трката ги поминал со дупната задна гума.

Вансумерен потпишал со Аг2р-Ла Мондијал за сезоните 2015 и 2016.

Во јуни 2016 година го објавил своето повлекување од спортот откако му бил пронајден проблем со срцето, кој бил откриен во февруари на Трката околу Оман 2016, што предизвикало да ја пропушти целата сезона на класици.

Достигнувања

2003 1. Лиеж-Бастон-Лиеж за под 23 години 2. 15п Светско друмско првенство за под 23 години 3. Краен пласман Бевербек Класик 2004 10. ГП Еди Меркс 2005 4. Краен пласман Тур Даун Андер 2006 1. 20п Бодовен пласман Трка околу Британија 2007 1. 20п Краен пласман Трка околу Полска 1. Етапа 7 1. Етапа 1б (ТТТ) Сетимана Сиклистика Интернационале Копи-Бартали 2008 8. Париз-Рубе 17. Амстел Голд Рејс 2009 5. Париз-Рубе 12. Краен пласман Тирено-Адријатико 2011 1. Париз-Рубе 1. Дуо Норман (со Томас Декер) 2012 1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Катар 9. Париз-Рубе 10. Страде Бјанке 2014 10. Курне-Брисел-Курне

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка200420052006200720082009201020112012201320142015201620п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—————————————20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—13610962869029—147—74СО—20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта35——————707988118121—

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Достигнувања на Cycling Base

Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Олимписки велосипедисти на Белгија Категорија:Луѓе од Ломел