мини|десно|Возачи на Гран при Монтреал 2010 поминуваат низ булеварот Едуард Монпети.

Гран-при Монтреал () — професионална велосипедска еднодневна друмска трка, која се одржува во градот Монтреал, во покраината Квебек, Канада. Нејзино прво издание било на 12 септември 2010 година, како завршен настан во UCI ProTour 2010.

Со Гран-при Квебек, која се одржува два дена порано, Гран-при Монтреал е една од единствените две трки во Северна Америка на Светската турнеја на UCI. Во 2014 година, Сајмон Геранс станал првиот кој постигнал двојна канадска победа, освојувајќи ги Гран-при Квебек и Гран-при Монтреал, во истата година. Во 2018 година, истиот подвиг го направил и Мајкл Метјус.

Тек

Гран-при Монтреал не е како многуте еднодневни трки од една точка до друга точка, туку кружна трка. Возачите возат 17 круга, од по 12,1 километар секој круг. Во текот на круговите, возачите треба да искачат три искачувања: Кот Камилјен-Уд (1,8 км долг и просечна нагорнина од 8%), Кот де ла Политехник (780 м долг и просечна нагорнина од 6%) и Авени ду Парк (560 м долг и просечна нагорнина од 4%). Крајот е на ридот Авени ду Парк.

Победници

Повеќекратни победници

Победи Возач Изданија 2 2016, 2019

Возачите со закосени букви се активни

Победи по држава

Победи Држава 3 2 1 , , , ,

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Велосипедски трки во Канада Категорија:Спорт во Монтреал Категорија:Светска турнеја на UCI