Небојани — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба Небојани се наоѓа на падините на Осоговските Планини. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 1.020-1.116 м. Селскиот атар зафаќа површина од 25,1 км2. Од Кочани е оддалечено 21 км.

Некои од маалата во селото се познати како: Мишино, Чеперник, Просија, Кацарица и Свињи Дол.

Историја Со потпаѓањето на селото под српска власт во 1918 година, месното население било подложно на репресија. Според податоци на Иван Михајлов, во 1921 година е убиен Јордан Манасиев, а во 1923 година во затвор починале уште тројца жители како последица на измачувања. Во 1923 година, селото било запалено. Во текот на 1920-тите, многу жители на селото биле тепани од страна на српската полиција или од четниците.Михайлов, Иван. Спомени. т. ІІ, Освободителната борба 1919-1924 г., 1965, стр. 560.

Стопанство Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.034 ха, на пасиштата отпаѓаат 1.030 ха, а обработливото земјиште зазема површина од 238 ха.

Население

мини|десно|200п|Куќи во маалото Просија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Небојани живееле 190 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Небојани имало 144 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Небојани живеат 46 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Општествени установи Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.

Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.

Во XIX век, Небојани било дел од Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 897 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Селиште — населба од доцноантичко време.

Реки Бела Река.

Цркви Црква „Рождество на Пресвета Богородица“.

Галерија

Поврзано Мишино Чеперник

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кочански села Категорија:Села во Општина Кочани