Будинарци — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Уредено корито на потокот низ селото
Селото се наоѓа во Источна Македонија, во северозападниот дел на територијата на Општина Берово, до самиот десен брег на реката Брегалница и тоа на местото каде реката ја напушта котлината и навлегува во клисурниот дел кон селото Митрашинци. Атарот на селото е мошне голем и се протега до југоисточната падина на планината Плачковица, зафаќајки простор од 46,4 км2. Селото е рамничарско, на надморска височина од 780 метри и се наоѓа на самиот регионален пат Берово-Виница, а од градот Берово е оддалечено 12 километри. На него преовладуваат шумите на површина од 2.703,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 927,9 хектари, а на обработливото земјиште 771,9 хектари.
Историја
За настанокот на селото има легенди со мала веројатност. Пишуваните податоци датираат од турскиот период, а такви се пописните тефтери од 1579 и 1570 година со име „Будинашци“. Во тефтерот од 1519 година, Будинарци има 45 домаќинства, а 1570 година има 52 семејства. Според статистиките на Косовскиот Вилает од 1894, Будинарци имало 90 македонски куќи, а во 1900 г. има 800 жители христијани.
Во XIX век, Будинарци било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за селото Будинарци запишал дека е село со 80 македонски куќи е расположено на десниот брег на Брегалница ½ час на југоисток од Митрашинци. Жителите се издржувале најмногу од земјоделство и сточарство, а некои оделе и во туѓина како столари. Во Будинарци, Митрашинци и Мачево се зачувало предание дека нивните прадедовци живееле во куќички направени над реката за да се чуваат од дивите ѕверови со кои изобилува околината. Куќичките биле градени на колци во водата и од нив до сувото на брегот имало подвижни мовчиња кои ноќно време ги дигале, а преку денот ги поставувале. Се хранеле повеќе со риба која ја ловеле со „саци“.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втроата светска војна.
Стопанство
Селото во основа има мешовита земјоделска функција.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Будинарци имало 800 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Будинарци имало 640 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.
Во 1961 година селото броело 881 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 714 жители, од кои 711 Македонци и 2 Срби. Според пописот од 2002 година, во селото живееле 682 жители, од кои 627 Македонци и 1 Србин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 469 жители, од кои 462 Македонци, 1 останат и 6 лица без податоци.
Општествени установи
мини|300п|десно|Поглед на основното училиште
Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до IX одделение, подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово Детска градинка „23 Август“, клон на градската градинка од Берово Пошта (2332) Амбуланта
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Будинарци, каде Будинарци било единствено село во општината.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Будинарци се наоѓале градот Пехчево и селата Митрашинци, Негрево, Робово, Умлени, Црник и Чифлик.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0008 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 465 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на повеќе споменици посветени на НОБ
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Авлија — некропола - могила од римското време; Градиште — градиште од римското време; Каменица — населба од доцноантичкото време; Лаките-Селиште — населба од римското време; Поповица — некропола - тумули од железното време; Присој — населба од доцноантичкото време; Селиште — населба од римското време; и Чука — могила од римското време.
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, изградена во 1854 година; во црквата се наоѓало ќелијно училиште
Споменици Биста на Јован Козовски, народен херој Споменик на Бранко Стефански, загинат во војните на ЈНА во 1991 година Споменик за НОБ
Редовни настани
Илинден (2 август) — црковно-народен собир Митровден (8 ноември) — црковно-народен собир
Личности
Родени во Будинарци Глигор Смокварски (1914-1984) — познат композитор Глигор Поповски (1928-2007) — писател за деца
Починати во Будинарци Андреј Докурчев (1880-1907) — македонски револуционер
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Општина Берово Категорија:Беровски села Категорија:Села во Македонија Категорија:Малешевија