Марин Докузовски (, Скопје) - македонски поранешен професионален кошаркар, поранешен селектор на Машката кошаркарска репрезентација на Македонија и тренер и моментален шеф на стручниот штаб на Работнички.
Играчка кариера Докузовски активно играл кошарка од 1978 до 1989 година во Југословенската лига, настапувајќи во Работнички, Готекс и Алумина. По завршувањето на играчката кариера, Докузовски застанал на младинската клупа на Работнички.
Тренерска кариера Клупска Младински тренер на Годел Работнички бил сè до 1994 година, кога ја презедол сениорската екипа на клубот. Главен тренер бил на Работнички до 2000 година, кога во меѓувреме освоил четири Првенства и еден Куп. Во јуни 2000 година, Марин го напуштил Работнички и преминал во МЗТ Аеродром 2000 како шеф на стручниот штаб. За сезоната 2002/03, Докузовски потпишал едногодишен договор со Поло Трејд. Во Поло Трејд останал сè до крајот на 2002, и во јануари 2003 потпишал за Фершпед Работнички и ја освоил двојната титула. Во Работнички бил сè до март 2004 година, кога по високиот пораз од МЗТ Аеродром 2000, тој поднесол оставка.
За сезоната 2004/05, Докузовски ја започнал својата меѓународна кариера во бугарски Лукоил Академик. Во Лукоил Академик тој бил помошник тренер на Константин „Тити“ Папазов. Истата таа сезона Лукоил станал првак на Бугарија. На крајот на сезоната 2005/06, Тити Папазов бил тргнат од функцијата главен тренер, а на неговото место бил поставен Докузовски, притоа освојувајќи го Првенството. Со Лукоил бил и првак и во сезоната 2006/07, но потоа тој не потпишал нов договор со „Академците“.
Докузовски се вратил во Фершпед Работнички за сезоната 2007/08. Во сезоната 2008/09 со Работнички бил првак, додека во Балканската лига станал вицепрвак. На крајот на 2009 година, Докузовски го напуштил Работнички кој бил во финансиска криза сезоната 2009/10, како и поради селекторските обврски. Во март 2011 година, Докузовски повторно застанал како тренер на Работнички и го освоил Купот на Македонија 2011.
На полусезоната од 2011/12, Марин се вратил во Лукоил Академик, освојувајќи го Првенството и Купот. Таму останал година дена, кога после слабите резултати му бил врачен отказ. Во февруари 2014 година, Докузовски потпишал за косовски Сигал Приштина. Со Сигал Приштина го освоил косовското Првенство, Купот како и четвртото место во Балканската лига.
Во 2014 година, тој повторно застанал на клупата на Работнички.Докузовски се врати во „Градски парк“ on.net.mk 6 август 2014„Докузовски се врати на клупата кај Работнички“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 22. Во ноември 2014 година, по прекинатиот натпревар помеѓу Работнички и МЗТ Аеродром, кога тимот на Работнички ја напуштил салата, Докузовски бил казнет од Дисциплинската комисија на Македонската кошаркарска федерација со забрана за водење на тимот во траење од шест месеци.Работнички во проблеми: Докузовски суспендиран на шест, а Србиновски на „само“ три месеци! sportmedia.mk 20 ноември 2014„За Докузовски шест, а за Србиноски три месеци пауза“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 25. Во 2015, иако отсутен поради суспензијата, Работнички на чело со Марјан Србиновски како главен тренер го освоил Купот на Македонија.Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат ekipa.mk 22 февруари 2015Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015 Во мај 2015 година, по истекувањето на суспензијата се вратил како тренер на Работнички.Работнички „пресече“: Докузовски од утре се враќа на клупата ekipa.mk 5 мај 2015 Докузовски во сезоната 2017/18 бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак по седми пат. Докузовски, по четврти пат, го освоил Купот на Македонија. По завршувањето на сезоната 2018/19, на Докузовски му истекол договорот со Работнички и престанал да е тренер на екипата. Докузовски станал шеф на стручниот штаб и раководител на младинските школи на Работнички.
Селекторска Во 2001 година, Докузовски ја водел македонската репрезентација седум натпревари, на кои пет натпревари ги добил. Македонија завршила на третото место во групата Д за квалификациите за Европското првенство 2001.
По пауза од осум години, тој повторно бил назначен за селектор на Македонија. За време на Евробаскетот 2011, Докузовски ја предводел репрезентацијата до четвртото место на турнирот.
Клубови
Играчка кариера 1978-89: Работнички: Југословенска лига
Тренер 1989-94: Годел Работнички(младинска екипа) 1994-96: Годел Работнички: Македонска лига 1997-00: Годел Работнички: Македонска лига 2000-01: МЗТ Аеродром 2000: Македонска лига 2002: Поло Трејд: Македонска лига 2003-04: Фершпед Работнички: Македонска лига 2004-06: Лукоил Академик: Бугарска лига (како помошник тренер) 2006-07: Лукоил Академик: Бугарска лига 2007-09: Работнички: Македонска лига 2011: Работнички: Македонска лига 2012-13: Лукоил Академик: Бугарска лига 2014: Сигал Приштина: Косовска лига 2014: Работнички: Македонска лига 2015-: Работнички: Македонска лига
Тренер на државните репрезентации на Македонија 1996-97: Кошаркарска репрезентација на Македонија под 18 години 1997-99: Кошаркарска репрезентација на Македонија(како помошник тренер) 1999-00: Кошаркарска репрезентација на Македонија под 20 години 2000-01: Кошаркарска репрезентација на Македонија 2010-12: Кошаркарска репрезентација на Македонија
Успеси
Титули Работнички Прва македонска лига (7) : 1994/95, 1995/96, 1997/98, 1998/99, 2002/03, 2008/09, 2017/18 Куп на Македонија (4) : 1998, 2003, 2011, 2019 Европски куп (јужна конференција) (Финалист) : 2003/04 Балканска лига (Финалист) : 2008/09
Академик Национална кошаркарска лига (4) : 2004/05 (како помошник тренер), 2005/06, 2006/07, 2011/12 Куп на Бугарија (3) : 2006, 2007, 2012
Приштина Косовска Суперлига (1) : 2013/14 Куп на Косово (1) : 2014 Балканска лига (Четврто место) : 2013/14
Македонска репрезентација Евробаскет (Четврто место) : 2011
Признанија Македонски тренер на годината 1999 Македонски тренер на годината 2009 Македонски тренер на годината 2011 Тренер на сезоната 2013/14Marin Dokuzovski takes over Rabotnicki Skopje eurobasket.com 9 август 2014 Тренер на сезоната 2017/18 Заслужен граѓанин на Општина Карпош за 2018 година Македонски тренер на годината 2018
Наводи
Надворешни врски Профил на Марин Докузовски на eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски кошаркарски тренери