Нов Истевник — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба
мини|250п|лево|Амбар во Балабанско Маало во селото Нов Истевник
Селото се наоѓа во областа Пијанец, во јужниот дел на територијата на Општина Делчево, од десната страна на реката Брегалница, чиј атар се допира со подрачјето на соседната Општина Пехчево. Селото е ридско, на надморска височина од 760 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 17 километри.
Атарот зафаќа простор од 17,1 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 799 хектари, на шумите отпаѓаат 738 хектари, а на пасиштата 115 хектари.
Покрај селото тече и реката Желевица, која подоцна кај селото Тработивиште се влева во реката Брегалница.
Историја
Селото во минатото се сметало за едно со соседното село Стар Истевник, на другиот брег на реката.
Во век, Нов Истевник било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 12 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Во август 2021 г. селото е зафатено од силен пожар, во чие гаснење учествувале разни служби и доброволци. Во пожарот целосно настрадале црквата и гробиштата.
Стопанство
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Истевник (Нов и Стар) имало 895 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 229. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Истевник (Нов и Стар) имало 640 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.
Од ова село значителен дел од населението се иселил, така што, тоа преминало од средно во мало село по големина. Во 1961 година, селото броело 662 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 262 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Стар Истевник живееле 144 жители, од кои 143 Македонци и 1 Србин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 61 жител, од кои 43 Македонци и 18 лица без податоци.
Родови мини|300п|десно|Објект во селото Нов Истевник мини|300п|десно|Реката Желевица во близина на селото
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Македонски
Доселеници: Балабанци (15 к.) доселени се во периодот од 1828 до 1885 година од селото Стар Истевник; Аџијовци (13 к.) и тие се доселени од селото Стар Истевник; Шарковци (9 к.) доселени се од Стар Истевник; Газарци (2 к.), Млекарци (7 к.), Самарџијовци (15 к.), Аралампијовци (11 к.), Гошировци (1 к.), Амалци (3 к.), Цековци (3 к.), Попевци (4 к.), Кантурци (5 к.), Маневци (8 к.), Цибевци (11 к.), Џефовци (7 к.) и Шутевци (1 к.) доселени се во различен период исто така од селото Стар Истевник; Борисовци (8 к.) доселени се во 1870 година од околината на Мелник во Бугарија (Пиринска Македонија); Цветковци (1 к.) доселени се во 1878 година од некое село кај Благоевград; Ватраковци (4 к.) доселени се во 1872 година од селото Смиланци кај Радовиш.
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Стар Истевник, во која влегувале селата Нов Истевник и Стар Истевник.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Нов Истевник се наоѓале селата Вирче, Панчарево, Разловци, Стар Истевник и Тработивиште.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0593 според Државната изборна комисија, кое е сместено во училишна зграда.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 109 гласачи.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, уништена во пожар во 2021 г.
Археолошки наоѓалишта Ќерамидарка — населба од доцноантичко време
Реки Желевица — притока на Брегалница
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево