Бургенланд () — поранешен округ на југот на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север во насока на стрелките на часовникот) Мерзебург-Кверфурт, Вајсенфелс, Лајпциг, Ашерслебен-Штасфурт, Алтенбург, Грајц, урбаниот округ Гера, Зале-Холцланд, Вајмар, Земерда и Кифхојзер.
Историја
Округо бил основан во 1994 година, кога окрузите Наумбург, Небра и Цајц биле припоени.
Географија
Главни реки во округот биле Зале и нејзината притока Унштрут, и исто така на југот на округот Вајсе Елстер. Највисоката точка е Зелигенборнберг (355 м), најниската точка е во долината на Зале, во близина на Гозек (97,8 м).
Грб
100px|Грбот на округотГрбот прикажува градски ѕид во долниот дел, симболирајќи ги многуте замоци во округот, од кои го добил и името. Шесте зрна грозје ја симболизираат винската култура во областа околу Фрајбург, една од најсеверните вински области во Европа. Мечот и клучот на врвот се симболи за Св. Петар и Св. Павле, патроните на катедралите во Наумбург и Цајц. Овие два симбола се земени од грбот на округот Цајц, кога тој е припоен во Бургенланд.
Градови и општини
ГрадовиЗаедница на општиниСлободни општини Наумбург Ан дер Фине (вкл. ги градовите Бад Бибра и Екартсберга) Бад Кезен (вкл. го градот Бад Кезен) Дројсигер-Цајцер Форст Унштрутал (вкл. ги градовите Фрајбург, Лауха и Небра) Ветаутал (вкл. ги градовите Остерфелд и Штесен) Цајцер Ланд (вкл. го градот Цајц) Елстерауе
Поврзано Бургенланд (округ) — денешниот округ Бургенланд — германско име на сојузната покраина Градиште во Австрија
Надворешни врски Службена страница
*Поранешен