Лезово — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед во селото
Селото се наоѓа на јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, на десната страна на Злетовска Река, а недалеку од патот кој од градот Пробиштип води до регионалниот пат Штип-Кочани. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 400 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 13 километри.
Селото е поврзано преку асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1205.
Историја
Подрачјето на Лезово е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат наоѓалиштата во неговата околина.
Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување, при што 9 лица од селото биле уапсени и измачувани.„Дебърски глас“. Година 2, бр. 38. 3 април 1911. стр. 3.
За време на Првата балканска војна, од селото имало 5 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 858.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 7,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 357 хектари, на пасиштата отпаѓаат 330 хектари, додека шумско земјиште нема.
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лезово имало 180 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 232. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лезово имало 240 жители, сите Македонци.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 134-135.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Лезово преминало од средно во мало село по големина. Во 1961 година, селото имало 375 жители, од кои 358 биле Македонци, а 17 жители муслимани (етничка припадност), а во 1994 година само 89 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Лезово живееле 44 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, сите Македонци.
Родови
Лезово е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Староседелци: Оџевци (5 к.), Мирасчијци (6 к.), Голубовци (4 к.) и Џамбасци (2 к.). Доселеници: Караџовци (3 к.), доселени се во XIX век од селото Пишица; Домазетовци (10 к.), потекнуваат од домазет кој дошол од селото Судик во Овче Поле; Маловци (7 к.), доселени се од селото Гајранци; Субашинци (5 к.), доселени се од селото Гујновци; Наџаковци (2 к.), биле чифличии во селата Куково, Жиганци и некое друго, а овде се доселиле во почетокот од век; Серафимовци (2 к.), доселени се од селото Врбица; Ранковци (2 к.), Крнчовци и Гугутка (1 к.), доселени се, но не знаат од каде.
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Лезово било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Лезово, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1548 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.
Личности Личности родени во Лезово:
Горка Гасева Ефремова — учесник во НОВ на Македонија
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта Градиште — градиште од доцноантичкото време; Колиби — населба од доцноантичкото време; и Орлов Камен — населба од доцноантичкото време.
Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква
Реки Белошница — помала река низ селото
Галерија
Поврзано Општина Пробиштип Пробиштип
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Пробиштипски села Категорија:Села во Општина Пробиштип