Џејмс Кук (; - ) — англиски морепловец, откривач на источниот брег на Австралија, многу острови во Јужниот Тихи Океан и прв кој ги обиколил бреговите на Алјаска.

Доаѓајќи до ранг на капетан на Кралската морнарица, тој направил три патувања до Тихиот Океан, при што тој бил првиот Европеец кој се закотвил на источниот брег на Австралија, во Нова Каледонија, Јужните Сендвич Острови и Хаваи. Тој исто така бил и првиот морепловец кој го обиколил Антарктикот и изработил мапа на Њуфаундленд и Нов Зеланд.

Откако служел во британската трговска морнарица, тој се приклучил на британската кралска морнарица во 1755 година за време на седумгодишната војна. Во тек на опсадата на Квебек, тој се посветил на мапирање на устието на реката Сент Лоренс, што му овозможило на генералот Џејмс Волф да го изведе неговиот одлучувачки напад врз Арапските рамници. Младиот Џејмс Кук го привлекол вниманието на Кралското друштво во клучен момент во неговата лична кариера и насоката на британските експедиции во странство. Тој бил именуван за командант на ХМБ Ендевор за првата од неговите три експедиции во Тихиот Океан во 1766 година. Следеле уште две експедиции, со што се утврдиле првите точни мапи на многу острови и брегови.

Кук умрел на Хаваи во 1779 година за време на кавга со домородците, чија трета експедиција тргнала во потрага по Северозападниот приод.

Младост Џејмс Кук потекнува од релативно скромно семејство. Тој бил второ од осумте деца на Џејмс Кук, земјоделец од шкотско потекло и Грејс Пејс која била Англичанка.. Роден е во Матон во северен Јоркшир, град кој сега е поврзан со Мидлсбро. Бил крстен во локалната црква Свети Кутберт во Мартон, каде што неговото име се појавува во регистарот на крштевки.. Кога семејството имало пет деца, се преселило на фарма во Грејт Ејтон. Работодавачот на неговиот татко го финансирал неговото школување во основно училиште. На 13-годишна возраст, тој започнал да работи заедно со својот татко на фарматаVoir page XIII (Introduction: Life of James Cook) The Voyages of Captain James Cook, James Cook (avec la contribution de William Smith), Oxford University, 1842.. мини|246x246пкс|Портрет на Џемс Кук од Џон Вебер (1793) Во 1745 година, на 17-годишна возраст, Кук работел како чирак кај трговец во некое рибарско село. После една и пол година, Вилијам Сандерсон, сопственикот на фирмата, го одвел на пристаништето Витби, каде што го запознал со Џон и Хенри Вокер, квекери кои имале бизнис за јаглен и биле сопственици на неколку бродови. Кук бил вработен како чирак на нивната флота. Следните години ги помина во каботажа помеѓу Тајн и Лондон. За тоа време, учел алгебра, тригонометрија, навигација и астрономија.

По завршувањето на неговото тригодишно учење, Кук работел на трговски бродови во Балтичкото Море. Тој брзо напредувал и во 1755 година му била понудена командата на бродот Френдшип. Тој сепак претпочитал да се вклучи во Кралската морнарица. Велика Британија се подготвувала за претстојната Седумгодишна војна и Кук сметал дека неговата кариера побрзо ќе напредува во морнарицата. Меѓутоа, ова значело повторно да започне од најнизок ранг, па како обичен морнар станал дел од екипажот на бродот Игл (англиски: HMS Eagle), под команда на капетанот Хју Пализер. Во 1757 година, по две години со морнарицата, тој го положил испитот со кој можел да командува со брод на Кралската флотаG. Williams (2002)..

Во текот на седумгодишната војна, Џејмс Кук учествувал во опсадата на градот Квебек пред Битката кај Арапските рамнини во 1759 година. Потоа покажал одреден талент за топографија и картографија и го одбележал поголемиот дел од устата на реката Сент Лоренс за време на опсадата, овозможувајќи му на генералот Џејмс Волф да го започне неговиот одлучувачки напад врз Арапските рамници. Во следните години, тој изработил мапи за брегот на Њуфаундленд, потоа на Северозападниот Премин (1763 - 1764), јужниот брег помеѓу Буринскиот Полуостров и Кејп Реј (1765 - 1764), а потоа и западниот брег во 1767 година. За време на неговите пет сезони поминати во Њуфаундленд, тој ги воспоставил првите точни големи мапи на бреговите на островот.

Патувања центар|мини|600x600пкс| Патувањата на капетанот Џејмс Кук. Првото патување е со црвено, второто е со зелено а третото е со сино. Патот на екипажот на Кук по неговата смрт е прикажан со испрекината сина линија.

Прво патување (1768-1771) лево|мини|249x249пкс|Прво патување, 1768–1771. Со започнувањето на војната меѓу Англија и Франција во 1755 година, Џејмс Кук како офицер на вое­на­та морнарица извесно време бил во Канада, каде што ја проучувал реката Сент Лоренс и бреговите на Њуфаундленд. Затоа, Лондонското географско друштво го примило за свој член. Друштвото во 1769 година го испратило научна експедиција на Тахити во Тихиот Океан, за на 3 јуни да се следи необичната астрономска појава кога Земјата, Венера и Сонцето се нашле на една права линија, а самата Венера била видена на Сончевиот диск. На чело на експедицијата бил Џејмс Кук кому на располагање му бил ставен малиот, но одлично граден воен брод ХМБ Ендевор. По ус­пеш­но извршената задача, експедицијата тргнала на југозапад и по долго патување пристигнала до бре­говите на Нов Зеланд. мини|246x246пкс|Реплика на Ендевор во пристаништето на Куктаун Ендевор испловил од Англија на 26 август 1768."The Sydney Morning Herald". The Sydney Morning Herald. National Library of Australia. 2 May 1931. Тоа бил цврст и идеален брод во однос на капацитетот за складирање, како и заради неговиот плиток дизајн, суштествен квалитет за пристап до многу гребени и тихоокеански архипелази. Откако го поминале Кејп Хорн, бродот стигнал на Тахити на 13 април 1769 година, каде Кук подигнал мала тврдина и опсерваторија во пресрет на премин на Венера. Набљудувањето, предводено од Чарлс Грин, асистент на новиот кралски астроном Невил Маскалејн, првенствено било насочено кон собирање на мерења за попрецизно одредување на растојанието што ја дели Венера од Сонцето. Со овие податоци, потоа ќе било можно да се одреди растојанието од другите планети, врз основа на нивната орбита. мини|291x291пкс|Мапа на Нов Зеланд од Кук Откако ја завршил задачата на Тахити, Џејмс Кук ги следел инструкциите за вториот дел од неговото патување: да се побараат знаци за постоење на Тера Аустралис"Secret Instructions to Captain Cook, 30 June 1768"(PDF). National Archives of Australia., хипотетички приврзок на Евроазија во северната полутопка. Кралското друштво, а особено Александар Далримпл, бил убеден во нејзиното постоење и имал намера да ја најде пред било кое било друго европско знаме. Затоа бил избран брод кој со својата мала големина, немало да ги подигне сомневањата и да се искористи мисијата на астрономско набљудување како параван за целиот настан. лево|мини|Џејмс Кук и неговиот брод Ендевор на комеморативна сребрена медаља (1969) по повод 200 годишнината од повторното откривање на Нов Зеланд во 1769. мини|238x238пкс|Бродскиот дневник на Џејмс Кук на Ендевор Кук, сепак, се сомневал во постоењето на овој континент. Благодарение на помошта на Тахиќанецот по име Тупаја, кој имал напредно познавање на географијата на Тихиот Океан, Кук стигнал до Нов Зеланд на 6 октомври 1769. Како втор Европеец кој пристигнал тука по Абел Тасман во 1642 година, исцртал мапи за целото крајбрежје на Нов Зеланд со многу малку грешки (особено за полуостровот Банкс, кој го сметал за остров и островот Стјуарт, кој нелогично го приврзал на Јужниот остров). Тој, исто така, го идентификувал теснецот што ќе го носи неговото име, Куков теснец, кој го одвојува Јужниот Островот од Северниот Остров и кој Тасман не го открил.

Потоа тргнал кон запад кон Земјата на Ван Димен (денешна Тасманија) со намера да утврди дали тоа е дел од јужниот континент. Меѓутоа, силните ветришта ја принудиле експедицијата да го држи северниот курс. Експедицијата здогледала копно на местото кое Кук го нарекол Поинт Хикс, меѓу денешните градови Орбост и Малакота во државата Викторија. Со оглед на југозападната ориентација на брегот, Кук си мислел дека е поврзано со Земјата на Ван Димен. Тие всушност се наоѓале во југоисточниот дел на австралискиот континент со што официјално станале првите Европејци кои стигнале на источниот брег. Во 1843 година, местото го добило името Кејп Еверард, пред да го обнови оригиналното име Поинт Хикс по повод 200 годишнината од пристигнувањето на Кук. лево|мини|240x240пкс|Ендевор на реката Ендевор, гравура од Алекср Хог (1786) мини|321x321пкс|Статуа на капетанот Кук во Гринич, Англија За Кук на хоризонтот австралиското копно се појавило на 19 април 1770 година. Ниските планини што го затскривале видикот кон внат­решноста на континентот Австралија го потсетувале Кук на Јужен Велс, па затоа целиот тој простор го на­ре­кол Нов Јужен Велс. Овде Кук бил преокупиран со правење точна карта, во која го внесувал секој р‘т, за­лив, остров. Пловејќи кон север го минал ек­ва­то­­рот и се пробил меѓу многубројните острови на Го­лемиот Корален Гребен, не насетувајќи каква голема опас­ност ги демне членовите на експедицијата. Имено, се случил бродолом на 25 мај 1770 година. Сите топови би­ле фрлени во морето, а ја истуриле и водата за пиење. По едно деноноќие непрекината работа во црпење на водата што навлегувала на бродот, со следниот највисок при­лив бродот се ослободил од подводните карпи и запловил кон брегот. Бидејќи не биле сигурни на австралискиот брег од непријателски расположените домородци, се упатиле на островот Јава (Батавија) - холандска колонија, поминувајќи низ протокот меѓу Но­ва Гвинеја и Австралија.

До овој момент на патувањето, ниту еден човек не подлегнал на скорбут, што било извонредно за таква долга експедиција во тоа време. Убеден од препораката на Кралското здружение објавено во 1747 година, Кук вовел во храната на неговиот екипаж кисела зелка или лимон. Познато е дека скорбутот е предизвикан од слаба исхрана, но врската со недостатокот на витамин Ц сè уште не била утврдена. За зачувување на здравјето на неговиот екипаж, Кук го добил медалот Копли во 1776 година

Откако бродот бил ос­пособен за пловидба, останатите го продолжиле патот по веќе добро познатите мориња. Зао­би­ко­лу­вај­ќи го ’ртот Добра Надеж на југот на Африка, тие запловиле во водите на Атлантскиот Океан и, речиси, по тригодишно отсуство се вратиле во Англија на 12 јуни 1771 година.

Откако весниците ја објавиле експедицијата Кук станал многу популарен во рамките на научната заедница но почестите од пошироката јавност ги собрал Џозеф Бенкс. Тој се обидувал да ја преземе командата на втората експедиција, но пред тргнувањето, се повлекол. Јохан Рајнхолд Форстер и неговиот син Георг биле ангажирани да го заменат. Синот на Кук, Џорџ, се родил 5 дена пред тој да замине на неговото второ патување."Captain Cook: Obsession & Discovery. (Part 2 of 4) – Britain on DocuWatch – free streaming British history documentaries". 2011. Второ патување (1772-1775) мини|Резолушн и Адвенчр во заливот Матаве заедно со рибарски чамци на пристаништето во Тахити, слика од Вилијам Хоџис (1776), го прикажува второто патување на капетанот Џејмс Кук за истражување на Тихиот Океан. мини|Експедицијата на Кук близу до Антарктикот: 1772-74.Кратко време по неговото враќање, Кук бил унапреден во ранг на командант на фрегата пред Кралското друштво повторно да му даде задача да се врати во јужните мориња во потрага по јужниот континент. За време на неговото прво патување, Кук покажал дека Нов Зеланд не е поврзан со ниту едно копно и ја проценил големината на Австралија. Делримпл, поддржан од други членови на друштвото, сепак бил убеден во постоењето на некој поголем континент, негде подалеку на југ.