Ратавица, Ратовица или Ратавици — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Географија и местоположба
Селото е сместено на десната страна од Злетовска Река. Тоа е рамничарско село и се наоѓа на надморска височина од 420 м. Источно од селото, на левата страна од Злетовска Река започнуваат да се идигаат првите ридови од Осоговските Планини. Селскиот атар е мал и зафаќа површина од 3,5 км2.
Историја
Во XIX век, Ратавица се наоѓало во Кратовската Каза, во Отоманското Царство.
Ратавица во миинатото било мало село, но прераснало во средно по големина.
Во текот на Првата балканска војна, од селото имало 4 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 874.
Стопанство
Вкупното обработливо земјиште во рамки на селскиот атар зафаќа површина од 165 ха, на пасишта отпаѓаат 157 ха, додека шумите зафаќаат незначителна површина.Населени места во Општина Пробиштип — Ратавица, официјално мрежно место на Општина Пробиштип. Основната стопанска дејност во селото е полјоделството. Освен тоа, во него работат и услужни објекти.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ратавица имало 146 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратавица имало 126 жители, од кои 120 Македонци и 6 Власи.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Власи.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 277 жители, од кои 267 Македонци, 9 Власи и 1 Србин. Бројот на домаќинства изнесувал 17, а бројот на живеалишта 31. Во непосредна близина на селото, од левата страна на Злетовска Река и на левата страна покрај патот кој води кон Бунеш се наоѓа населбата Драч за која се вели дека е населена со Роми, иако официјалнте демографски податоци од пописите спроведени по Втората светска војна укажуваат дека во селото немало припадници на ромската заедница.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 207 жители, од кои 185 Македонци, 4 Власи, 1 Србин и 17 лица без податоци.
Родови
Ратавица е македонско-влашко село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Староседелци: Думанци (10 к.) и Пац'ци (7 к.) Доселеници: Рајчанци (4 к.) доселени се од селото Рајчани кај Кочани; Лезовци (2 к.) доселени се од селото Лезово; Ефремовци (4 к.) доселени се од селото Древено; Давидовци (4 к.) доселени се од селото Кундино; Пробиштипчанци (4 к.) доселени се од Пробиштип. Власи: Власите (3 к.) овде дошле во почетокот од 20 век, а во овој регион дошле пред околу 220 години од околината на Грамошта во Егејска Македонија.
Општествени установи
мини|300п|десно|Подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во селото
Во селото работи подрачното училиште „Браќа Миладиновци“, во коешто се одржува настава до петто одделение.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Злетово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Злетово, во која покрај селото Ратавица, се наоѓале и селата Бунеш, Древен, Зеленград, Злетово, Јамиште, Лесново, Луково, Трипутанци, Турско Рудари и Шталковица. Општина Злетово постоела и во периодот 1950-1952 година, во чиј состав тогаш влегувале Злетово, Зеленград, Јамиште, Лесново, Луково и Ратавица.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1568 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 214 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Троица“ — главна и единствена селска црква.
Споменици Спомен-плоча посветена на С. Ефтимов Василев.Споменичко наследство — Споменици и спомен обележја , официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
Реки Злетовска Река.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Пробиштипски села Категорија:Села во Општина Пробиштип