Узем — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Потекло на името

Името првпат се сретнува во турски документи од век, како Узема. Потеклото на името главно е нејасно. Најверојатно доаѓа од „уземир“ од старословенски, што означува „затвори, стесни, се јадосува, загрижува“.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Куќи во маалото Бобошинци

Селото се наоѓа во областа Славиште, во источниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, во изворишното сливно подрачје на Крива Река, а чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија. Селото е планинско и раштркано, чии маала се сместени на надморска височина од 900 до 1.060 метри. Од градот Крива Паланка, селото е оддалечено 11 километри.

Куќите на ова село во поголемиот дел се наоѓаат на десната страна на долината на Крива Река, во непосредна близина на македонско-бугарската граница. Околни села се Жидилово на северозапад и Костур на североисток.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Пишевица, Набоји, Љути Рид, Крива Река, Селиште, Црквиште и Деве Баир.

Селото е од разбиен тип. Се разликуваат десет маала, осум од нив на левиот брег на Крива Река, една на падината и една на дното од долината.

Селото е планинско и се наоѓа во областа Славиште. Узем е на 3 километри од граничниот премин Деве Баир. На северозапад од атарот на селото се наоѓа Жидилово, на запад Кркља, на југ Костур и на исток Бугарија.

Средиштен дел од селото претставуваат маалата Витановци и Манѓелици. Во атарот на селото се наоѓа и граничниот премин „Деве Баир“.

Историја

Се верува дека пред денешното село постоело друга постаро, но тоа пропаднало. Денес, постојат само топонимите Селиште и Црквиште. Тие месности се наоѓаат во маалото Манѓелици, десно од реката. Тоа село трипати е споменато во историските извори од век.

Денешното село потекнува од првата половина на век. Било основано од доселеници од другите села и области. Еден од родовите потекнува од Врање, во Србија. Тоа е родот Стравинци, кои се доселиле околу 1830 година, кога дошле и другите селски родови.

Во век, Узем било село во Кривопаланечка Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

мини|300п|десно|Поглед на селото

Атарот зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 353 хектари, на шумите отпаѓаат 326 хектари, а на пасиштата 143 хектари.

Во минатото, главно занимање на мештаните било сточарството, но замрело по Втората светска војна.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Узем имало 330 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Узем имало 400 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.

Селото во 1961 година имало 574 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 272 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Узем живееле 256 жители, од кои 254 Македонци и 2 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 193 жители, од кои 188 Македонци, 1 Србин и 4 лица без податоци.

Родови

Узем е македонско село, во кое живеат доселенички родови. Во секое маало живее еден род.

Родови во Узем се: Стравинци (13 к.), доселени се од некое село во околината на Врање, го знаат следното родословие: Санде (жив на 51 г. во 1973 година) Максим-Стојан-Ранко-Ивко, основачот на родот кој се доселил; Витановци (10 к.), Манѓеловци (10 к.), Барбуловци (8 к.), Долномаловци (7 к.), Штиќаревци (6 к.), Кортељаровци (5 к.), Ќосинци (4 к.) и Јанчевци (3 к.), сите овие родови се доселени со непознато место на старина.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

Староседелци: Митревци или Стојковци (11 к.), Пауновци (10 к.), Урулејки (2 к.), Стоименовци (3 к.), Новоселец и Стоилковци (1 к.), Раневци (5 к.) и Бошковци или Тасковци (1 к.). Доселеници: Петревци или Тасковци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Костур; Деа Илијевци или Милковци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Конопница; Буџовци (3 к.), доселени се од некое место во Србија; Кортељаци (13 к.), доселени се од околината на Врање во Србија; Бобашевци или Манѓелци (12 к.), доселени се од селото Бобешино кај Ќустендил во Бугарија; Штицарци или Ристовци (5 к.), доселени се од селото Црвена Јаболка кај Ќустендил во Бугарија; Барбулци (10 к.), доселени се од Барбарево кај Пробиштип; Јовановци (2 к.), доселени се од околината на Врање во Србија и Пејчиновци (1 к.), доселени се од селото Жидилово.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на подрачното основно училиште „Јоаким Крчовски“ мини|300п|десно|Поглед на селото

Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жидилово, во која покрај селото Узем, се наоѓале и селата Жидилово, Костур, Кркља и Трново. Селото било дел од некогашната општина Жидилово во периодот 1950-1952, кога покрај него се наоѓале и селата Жидилово, Кркља и Узем.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0961 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Узем. Во него е опфатено и соседното село Костур.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 189 гласачи.

Редовни настани

Во селото, во маалата Манѓелци и Витановци, кои го претставуваат средишниот дел на селото, се одржуваат повеќе селски слава. Се одбележуваат Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Духови и Илинден.

Иселеништво

Од селото има приличен број на иселеници. Поголемиот дел од селото се има иселено по Втората светска војна. Подетално се знае за следниве родови: Стојанчеви (1 к.) живеат во селото Видовиште, близу Кочани; Чеканци (1 к.) и Дејановци (1 к.), живеат во селото Пеширово, Овче Поле.

Најпозната личност во Узем е Мирче Јакимовски,познат како "Брки" кој е основоположник на рудникот Тораница(кој се наоѓа во близина).

Поврзано Славиште Општина Крива Паланка Крива Паланка

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кривопаланечки села Категорија:Села во Општина Крива Паланка Категорија:Македонско-бугарски гранични премини