Вараждинската жупанија се наоѓа во северозападна Република Хрватска. Седиштето на оваа жупанија е градот Вараждин.
Географија Жупанијата го опфаќа подрачјето меѓу Драва на север и Страхинчица, Иванчица и Калничко Горје на југ. Таа се состои од вараждинската Подравина, лудбрешката Подравина и северниот дел на Хрватско Загорје.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
Население Според пописот извршен од 2001 година, Вараждинската жупанија броела 184.769 жители, што е 4,2% севкупната популација на Хрватска. Густината на населението изнесувало 149 жители на км2. Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 97,7%, Срби 0,4%, Словенци 0,3%, Роми 0,2% и други.
година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 style="background: bgcolor="#C2B280" | 1857
|Жители''' 184.769 187.853187.495184.380179.905177.352174.682159.767147.524144.720131.849120.397105.61299.19487.960
Стопанство Во Вараждинската жупанија развиени се: текстилната, прехранбената и дрвната индустрија.
Сообраќај Жупанијата ја сече автопатот А4 кој ја поврзува со унгарската граница (на север) и Загреб (на југ). По хоризонтала (запад-исток), низ жупанијата минува магистралниот пат кој оди крај реката Драва и ги спојува Марибор (Словенија) и Осјек. Низ жупанијата минува и железничка пруга која ги спојува Загреб (на југ), Чаковец и Будимпешта (на север) и Копривница (на исток)
Знаменитости Тракошчанска тврдина
Извор ЦД-ром: „Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године“, Издание на Државниот завод за статистика на Хрватска, Загреб, 2005.
Надворешни врски Официјален портал www.varazdin-online.com
Наводи
Категорија:Жупании во Хрватска