Венера-5 била советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Лансирана е на 5 јануари 1969 година.

Одвивањето на мисијата Намената на леталото била атмосферско истражување на Венера. Било слично со апаратот Венера-4 иако била изменета така што би можела да поднесе поголем атмосферски притисок. Кога Венера-5 и пришла на планетата Венера, бил исфрлен одсекот за спуштање од главното тело на леталото. Во текот на спуштањето на површината на планетата, бил исфрлен падобран за да би го забавил падот. Полни 53 минути додека капсулата паѓала, атмосферските податоци биле собирани со сензори, и биле испраќани на Земјата преку радио-врска.

Капсулата го носела грбот на СССР и бил гравиран Ленин.

Основни податоци за летот Датум на лансирање: 5 јануари 1969 Ракета носач: Место на лансирање: Тјуратам, Бајконур Маса на сателитот (kg): 1130 вкупно, капсулата за спуштање 405 килограми

Галерија

Поврзано Венера-4 Венера-6 Венера (програм)

Надворешни врски

Советското истражување на Венере

Користена литература NASA каталог на космички летала

Категорија:Венера (програма) Категорија:Вселенски летала пуштени во 1969 година