Еребру (швед. Örebro län) е округ (län) во средна Шведска. Се граничи со окрузите Вестра Јеталанд, Вермланд, Даларна, Вестманланд, Седерманланд и Естерјетланд.
Покраина Окрузите во шведска се управни единици, додека пак покраините се подрачја од културно-историско значење. Округот Еребру го опфаќа Нерке, западната половина од Вестманланд, мали делови од источен Вермланд и северозападен Вестерјетланд.
Управа Сè до 1779 округот го носел името „Нерке и Вермланд“, по што Вермланд се отцепил како посебен округ.
Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.
Окружниот совет на Еребру (Örebro läns landsting) е задолжен за здравството и јавниот превоз.
Општини десно|200п
Аскерсунд Дегерфорс Еребру Јуснарсберг Карлскуга Кумла Лаксо Лекеберг Линдесберг Нура Халсберг Хелефорс
Наводи
Надворешни врски Окружен административен одвор на Еребру
Категорија:Окрузи во Шведска
Категорија:Нерке