thumb|right|Лара Крофт во „Tomb Raider: Anniversary“
Лара Крофт — измислен лик и протагонистот на серијата игри „Tomb Raider“ () на „Square Enix“ (претходно „Eidos Interactive“). Претставена е како убава, паметна и атлетски градена жена, британски археолог и авантурист којшто се впушта во истражување опасни, антички гробници и рушевини низ целиот свет. Со нејзиното создавањето од Тоби Гард, за време на неговото работење кај британскиот производител „Core Design“, ликот првпат се појавува во видео-играта „Tomb Raider“ () од 1996. година. Се појавува и во продолженијата на играта, печатени адаптации, серија на кратки анимирани филмови, два долгометражни филма (каде е толкувана од Анџелина Џоли) и поврзани промоции. Официјалната промоција на ликот вклучува бренд на облека и додатоци, акциони фигури и портретирање од модели. Крофт, исто така, е лиценцирана во случај на промоција од трети лица, вклучувајќи и телевизиски и печатени реклами, настапувања поврзани со музиката и слично.
„Core Design“ го започнале првиот развој на ликот и серијата игри. Инспириран од поп-изведувачката Нене Чери и стрип-ликот Тенк Грл (), Гард ја дизајнирал Лара Крофт за да им се спротивстави на стереотипните женски ликови. Компанијата го има изменето ликот за последователните наслови, вклучувајќи и графички подобрувања и додатоци во гејмплејот. Американскиот производител на видео-игри „Crystal Dynamics“ ја презема играта откако продолжението од 2003. година, „Tomb Raider: The Angel of Darkness“ (), се здобива со лоша критика. Новиот производител го „престартуваше“ ликот заедно со серијата видео-игри. „Crystal Dynamics“ се сосредночува на тоа да го направи ликот повистински. Компанијата ѝ го изменува физичкиот изглед, и додава различни начини на коишто Лара ќе може да влијае на опкружувањата во играта. Во видео-играта, гласот на Крофт ѝ го имаат позајмено четири глумици: Шили Блонд, Џудит Гибинс, Џонел Елиот и Кили Хејвс.
Критичарите ја сметаат Лара Крофт како значаен лик од видео-игра за културата. Лара држи два рекорда во „Гинисовата книга на рекорди“, проследена е од верни обожаватели, и е еден од првите ликови од видео-игрите којшто е успешно толкуван и приспособен во филм. Иако престартуваните, понови игри имаат претежно добра критика, нејзиното ново дизајнирање доби измешани реакции. Лара Крофт, исто се смета и за секс-симбол, и тоа еден од најпрвите ликови во индустријата којшто испеа да се стекне со пошироко внимание.
Опис
thumb|right|Изгледот, опремата и облеката на Лара во „Tomb Raider: Legend“(лево) и „Tomb Raider: Underworld“(десно)
Лара Крофт е често прикажана како атлетски градена жена. Има кафени очи и коса, којашто често е собрана во плетенка или прцел. Класичната облека на ликот е прилепена, тиркизна маица без ракави, светлокафени кратки панталони, чизми до потколениците и долги, бели чорапи. Во додатоците се вклучени и потсечени нараквици (без прсти), ранче, појас со два држача за двата пиштола коишто ги носи. Во продолженијата на играта, претставени се нови облеки направени за различни опкружувања и средини, како костими за капење и зимска облека. Во подоцнежните игри, Лара носи кратка, пресечена маица, панталони за камуфлажа или светлокафени блузи. Кога истражува, таа често носи два пиштола, но низ игрите има користено и многу други оружја. Лара Крофт течно зборува неколку јазика.
Во напатствата за играта се опишуваа дека ликот е роден во Вимблдон, Лондон, како ќерка на измислениот лорд – Ричард Крофт. Израсната е како аристократка и била свршена за измислениот гроф Ерл од Фарингтон. Учела во шкотското интернатско училиште „Гордонстоун“ и во „Швајцарско училиште за благородни девојки“. Авионот со којшто патувала се срушил на Хималаите и таа таму останала цели две недели. Ова искуство ќе ја натера да го остави дотогашниот живот и да трага по авантури низ светот. Крофт напишала повеќе книги и други објавени написи врз основа на нејзините подвизи како платеничка, ловец на големи животни и господарка на ограбувањето. Приказната подоцна е сменета, за во авионската несреќа да се вклучи и мајка ѝ. Додека бара засолниште од временските услови, Лара просведочува како мајка ѝ исчезнува, откако ќе извади еден антички меч. Нејзиниот татко исчезнува исто така, во потрагата по мајка ѝ.
Појавувања
Во видеоигрите
Лара Крофт за првпат се појавува во серијата видео-игри издавани од „Square Enix Europe“ (претходно„ Eidos Interactive“). Акционо-авантуристичките игри ја прикажуваат хероината како патува низ светот во потрага по ретки предмети и мистични артефакти. Крофт за првпат се појавила во играта „Tomb Raider“ () издадена во 1996. година, каде се спротивставува на друг археолог во потрагата на атлантски артефакт. Во „Tomb Raider II“ (1997. година), дејството се врти околу барањето на Ножот на Зијан, којшто го бараат други крадци. „Tomb Raider III“ (1998. година)приказната се сосредночува на делови од метеорити, со чија помош луѓето се здобиваат со натприродни моќи. Во „Tomb Raider: The Last Revelation“ () од 1999. година, во првото претставување на Лара како млада девојка, таа е придружена од нејзиниот ментор, Вернер Вон Крој. Лара бара артефакт поврзан со египетскиот бог Хор, а подоцна се пресметува со Вон Крој како антагонист. Во „Tomb Raider: Chronicles“ () од 2000. година, авантурите на Лара се прикажани преку сеќавањата на други луѓе. Во „Tomb Raider: The Angel of Darkness“ (), претежно дејството е околу убиството на нејзиниот ментор, Вон Крој.
„Eidos“ ја престартуваше серијата со „Tomb Raider: Legend“ () во 2006. година, каде Лара го бара мечот Екскалибур и нејзината мајка. Со ова е изменето претходното минато на Лара, како дел од престартувањето. Во 2007. за обележување на 10-годишнината беше издадена „Tomb Raider: Anniversary“ (), и во оваа игра се внесени некои основни елементи од „Legend“. Со „Tomb Raider: Underworld“ (македонски Ограбувачка на гробници: Подземје) од 2008. година се продолжува претставеното дејство од „Legend“. Прикажани се информациите за исчезнувањето на мајка ѝ на Лара. Барајќи ја, таа дознава и за постоењето на чеканот на Тор – Мјолнир. Во 2010. Година беше издадена игра само за преземање од Интернет, „Lara Croft and the Guardian of Light“ (), каде главното дејство се одвива во џунгла во Средна Америка, а Лара има антички воин како помошник.
thumb|center|950px|Еволуцијата на Лара Крофт, од првата игра (најлево) од 1996. година, сè до последната игра(најдесно)од 2008. година
Во други изданија
thumb|Лара Крофт на насловната страница на 3. стрип од серијалот-стрипови „Tomb Raider“
Во почетокот на 1997. година, ликот редовно се појавуваше во стриповите на „Top Cow Productions“. Лара Крофт за првпат се појавува во стрипот „Witchblade“,а потоа како главен лик во серијата стрипови за неа во 1997. година. Серијалот започнал со Дан Џургенс како писател, а употребувани биле цртежите на Енди Парк и Џон Сибал. Приказната од стриповите не е поврзана со онаа од видео-игрите сѐ до 32. број, чијашто приказна се поврзува со онаа од „Tomb Raider: The Angel of Darkness“.Издадени се 50 броја, вклучувајќи и посебни изданија. Други печатени изданија се: „Лара Крофт Ограбувачка на гробници: Амајлијата на моќ“ (), новела на Мајк Ресник издадена во 2003. година; „Лара Крофт Ограбувачка на гробници: Загубениот култ“ (), новела на Е.Е. Најт издадена во 2004. година; „Лара Крофт Ограбувачка на гробници: Бронзениот човек“ (), новела на Џејмс Алан Гарднер издадена во 2005. година;
thumb|left|Анџелина Џоли во улогата на Лара Крофт
Лара Крофт се има појавено и во два филма. Првиот, Лара Крофт: Ограбувачка на гробници, е излезен во 2001 г., а во него е прикажано како Лара се спротивставува на Илуминатите, група којашто бара реликт што може да управува со времето. Филмот го отсликува минатото на Лара поинаку од она прикажано во првите игри. Во филмовите, мајка ѝ загинала во авионска несреќа, а татко ѝ исчезнал во Камбоџа; во игрите (постарите), и двајцата родитела се живи. Приказна слична на оваа од филмот е приспособена и употребена во „Tomb Raider: Legend“. Во продолжението Лара Крофт: Ограбувачка на гробници — Колевката на животот, опишана е трката во потрагата на Пандорината кутија, меѓу Лара и кинеска криминална банда. И во двата филма ликот на Лара Крофт e толкуван од Анџелина Џоли.
Правењето трет филм беше објавено во 2009. година. Продуцентот Граам Кинг има намера филмот да го издаде во 2013. година. „GameTap“ ги издаде „Re\Visioned: Tomb Raider Animated Series“ Во 2007. година преку „телевизискиот“ дел на нивното мрежно место. Ова беше збирка од десет мали анимирани филма, во коишто беа вклучени нови замисли за ликот на Лара Крофт, изработени од добро познати аниматори, стрип-уметници, и писатели вклучувајќи ги и Џим Ли, Варен Елис и Питер Чаг. Епизодите траат отприлика од пет до седум и пол минути, со Мини Драјвер како Крофт. На луѓето кои ја создаваат оваа серија им беше дадена значителна слобода за новиот приказ на ликот. Не се советуваа со производителите на видео-игрите, но сепак им беше дадено упатство со список на прифатливи и неприфатливи измени. Развој низ годините
Почетоците и понатамошниот развој
thumb|100px|Една од замислите ликот да биде од јужноамериканско потекло со име Лаура Круз
„Core Design“, подружницата на „Eidos“, ја создаде Лара Крофт, како главен лик (протагонист) во нивната игра „Tomb Raider“ (), чијшто развој започна во 1993. година. Главниот графички уметник Тоби Гард поминал низ пет различни дизајна, пред да дојде до конечното решение. На почетокот замислил машки главен лик со камшик и шешир. Ко-создателот на „Core Design“ Џереми Смит таквата замисла за ликот ја окарактеризирал како изведеница на Индијана Џонс, и барал повеќе оригиналност. Од таа гледна точка, за понатамошниот развој на Лара Крофт, Тоби Гард решил дека најдобро за ликот ќе биде ако е жена. Исто се изјаснил со желбата да им се спротивстави на стереотипните женски ликови, според него, „фуфи“ и „доминативните“ типови. Смит бил скептичен за тоа жена да биде главен лик, бидејќи во некои тогашни видео-игри веќе било така. Потоа со мислата дека жена за главен лик би можела да привлече, добил верба во замислата на Гард. Поттикнат од поп-изведувачката Нене Чери и стрип-ликот Тенк Грл, Гард експериментирал со различни дизајни, вклучувајќи и мускулеста жена и лик со што личи на нацистички војник. Потоа, се решил за јужноамериканска жена со плетенка по име Лаура Круз. Управителството на „Eidos“ повеќе сакало име од Обединетото Кралство, и од телефонскиот именик го избрале името Лара Крофт бидејќи звучно највеќе наликувало на претходно споменатото. Со промената на името, во биографијата на ликот ѝ се сменило и потеклото во британско.
Гард сакал да го анимира ликот што е можно пореалистично, аспект на којшто мислел дека индустријата во тој период не обрнува многу внимание. Брзите анимации ги заменил со потечни движења, со верба дека така ликот повеќе ќе им се допадне на играчите. Во првата „Tomb Raider“, тридимензионалниот модел на ликот е направен од околу 230 многуаголници. Графичките ограничувања во тоа време направиле да се отстрани плетенката од моделот; плетенката е додадена подоцна во идните планови. Додека го приспособувал моделот на ликот, Гард случајно ја зголемил големината на градите за 150 процента. По согледувањето на зголемувањето, остатокот од тимот се расправеле во врска со тоа дали да се задржи промената, а и јасно се забележува дека всушност и ја задржале. „Core Design“ ја најмиле Шили Блонд за да ѝ го позајми гласот на Лара, откако играта влегла во бета-фазата од развојот. Гард си заминал од „Core Design“ по завршувањето на „Tomb Raider“, со изјаснување дека му недостасува слобода во создавањето и пазарното управување со работите коишто тој ги создал, посебно Лара Крофт.