Даларна (швед. Dalarnas län) е округ (län) во средна Шведска. Се граничи со окрузите Јемтланд, Јевлеборг, Вестманланд, Еребру и Вермланд во Шведска, а на запад со норвешките окрузи Хедмарк и Јужен Тренделаг. Административен центар е градот Фалун.

Округот ја опфаќа историската покраина Даларна, која денес има само културно-историско значење.

Историја Во историјата, територијата на Даларна повремено влегувала во територијата на управникот на Вестерос. Во 1634 е донесена одлука Даларна да има свој округ и управник. Така во 1647 со кралски указ е создаден округот Копарберг (Kopparbergs län)„Даларна“ - Нордиска семејна книга кој во 1997 е преименуван во Даларна, според покраината.

Управа Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник. Еребру има и окружен совет.

Окружниот совет на Даларна (Landstinget Dalarna) има задача да се грижи за здравството и јавниот превоз.

Општини мини|десно|260п|Општини во Даларна

Авеста Борленге Вансбру Гагнеф Елвдален Лександ Лудвика Малунг-Селен Мура Орша Ретвик Сетер Смедјебакен Фалун Хедемура

Поврзано Даларна

Наводи

Надворешни врски Окружен административен одбор на Даларна Окружен совет на Даларна

Категорија:Окрузи во Шведска Округ