Карловачката жупанија се наоѓа во централна Хрватска. Карловачката жупанија се граничи со две соседни држави: Република Словенија и Република Босна и Херцеговина. Административно, политичко, господарско, културно и спортско средиште на жупанијата е градот Карловац.

Географија Површината на жупанијата изнесува 3,311 км2 (5,9% од вкупната површина на Хрватска). Таа се протега во југозападниот дел на Централна Хрватска и е опкружена со Покупље, Кордун и западниот дел на Петрова Гора, југозападниот дел на Ѓумберк, Поткапелската долина, а навлегува малку и во Горски Котар. Областа е ретко населена, зашто претежно се работи за карстно подрачје, со необработливо земјиште. Покрај Карловац, поголеми места во жупанијата се: Огулин и Слуњ. Низ жупанијата течат реките Корана, Купа, Мрежница и Добра, а од вештачките езера се истакнуваат Буковик и Сабљаки.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.

Население Според пописот од 2011 година бројот на жители бил 128,749 (3% од севкупното население на Хрватска). Етничкиот состав бил следниот (според пописот од 2001): Хрвати 84,3%, Срби 11%, Бошњаци 0,6% и други. Во 1991 жупанијата броела 184,577 жители (Хрвати 70,3%, Срби 22,7%). Помеѓу двата пописа (1991 и 2001) бројот на Србите се намалил за околу 25,000 (од околу 39,000 на околу 15,000). Густината на населеност била 43 жители км2.

година на попис 2011 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 style="background: bgcolor="#C2B280" | 1857

|бр. на жители''' 128,749141,787 184,577186,169195,096202,431201,748194,643213,633188,824197,959194,294188,904172,220175,170165,697

Извори

ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Наводи

Надворешни врски Официјален портал на Жупанијата

Категорија:Карловачка Жупанија Категорија:Жупании во Хрватска