Август Бурнонвил (August Bournonville, ; Копенхаген, Данска - ; Копенхаген) бил дански танчар, кореограф, и режисер на Данскиот кралски балет за речиси 50 години. По студирањето и изведбите во Париз и Копенхаген, тој станал режисер и кореограф во Данскиот кралски балет во 1830 година, каде што продолжил да танцува сè до 1848 година. Тој го основал данскиот стил, окарактеризиран со бравура, танцување и експресивни мимики. Многу од неговите балети се засновани на набљудувањата што ги правел за време на турите, на пример во „Неапол“ (1842 година) — инспириран од патувањето во Италија.
Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.
Категорија:Дански режисери Категорија:Дански балетани Категорија:Луѓе од Копенхаген