мини|десно|ISSN во облик на линиски код EAN-13 со низна варијанта 0 и број 5.
ISSN (од англ. International Standard Serial Number = Меѓународен стандарден сериски број) — единствен осумцифрен број кој служи за препознавање на печатени или електронски периодични списанија.„Што е тоа ISSN?“ - Меѓународен ISSN центар Оние што се издадени во печатен и електронски облик може да имаат по два ISSN-броја: печатен ISSN (p-ISSN) и електронски ISSN (e-ISSN или eISSN). Системот на ISSN е првично разработен како меѓународен ISO-стандард во 1971 и објавен во 1975 како ISO 3297.„ISSN и стандардите на ISO“ - Меѓународен ISSN центар (2008) Во организацијата на ISO, за стандардот е одговорен поткомитетот TC 46/SC 9.
Формат на кодот Форматот на ISSN е осумцифрен број, поделен со цртичка на два четирицифрени броја. Последната цифра (која може да биде 0–9 или X) е контролна цифра. Стручното списание Hearing Research има ISSN 0378-5955, што значи контролната цифра е 5.
Контролната цифра ја пресметуваме со следниов алгоритам:
Да се пресмета збирот на првите седум цифри од ISSN-кодот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од лево — т.е. 8, 7, 6, 5, 4, 3 и 2, односно:
. Потоа се пресметува со модулот на 11 на овој збир: збирот се дели со 11 и така се определува остатокот. .
Доколку нема остаток, контролната бројка е 0. Во друг случај остатокот се одзема од 11 за да се добие контролната бројка:
контролната бројка е 5.
Големата буква X во контролниот број означува контролен број 10.
За да ја потврдите контролната цифра, го пресметуваме збирот на сите осум цифри на ISSN-бројот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од десно (ако контролната цифра е X, тогаш на збирот му додаваме 10). Модулот за 11 на збирот мора да изнесува 0.
Доделување на кодови ISSN-кодовите ги доделува мрежа од национални центри, обично сместени во национални библиотеки под надлежност на ISSN Меѓународниот ISSN центар во Париз. Овој центар е меѓувладина организација основана во 1974 со договор помеѓу УНЕСКО и француската влада. Центарот води евиденција за сите ISSN-броеви во целиот свет во записникот наречен „ISDS-регистар“. Регистарот денес содржи 1.555.307 записи.
Споредба со други назнаки Кодовите на ISSN и ISBN се слични по замисла во случаи кога ISBN кодот е доделен на поединечна книга. ISBN може да се додели на поединечни броеви на научни периодични списанија, покрај ISSN-кодот на списанието во целина. За разлика од ISBN кодот, ISSN е анонимна назнака поврзан со извесно списание, и не содржи информации за издавачот и местото на издавање. Поради ова едно списание добива нов ISSN ако значително го смени насловот.
Бидејќи ISSN важи за целото списание, врз него е додадена дополнителна назнака SICI за наведување на изданија, томови, статии и други препознатливи делови (како на пр. преглед на содржината).
Приена во URN ISSN-броевите можат да се кодираат и како URN-називи („еднообразно ресурсно име“) со претставката „urn:issn:“.Употреба на ISSN како URN во рамките на именскиот простор ISSN-URN — RFC 3044 На пример, списанието Rail се наведува како „urn:issn:1534-0481“. Доколку констролниот знак е „X“, тоа значи дека во URN назнаката секогаш се кодира со големи букви.
ISSN Македонија ISSN Центарот на Р Македонија врши услуги за добивање на број, каталогизација и работа со броевите. Работи како служба во склоп на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.ISSN агенција за Македонија - ISSN Центар Р Македонија
Поврзано ISBN (меѓународен стандарден книжен број) DOI (назнака за дигитални објекти)
Наводи
Надворешни врски Странски Меѓународен ISSN центар Пронаоѓање на ISSN по наслов
Македонски Заемен каталог на македонските библиотеки со можност за пребарување по ISSN Центар за меѓународни кодни назнаки за документи (ISSN, ISBN) - НУБ „Климент Охридски“ - Скопје
Категорија:Контролни алгоритми Категорија:ISO-стандарди Категорија:Назнаки Категорија:Библиотекарство