Субас Чандра Босе (; Кутак, Ориса, Индија - ; Тајпеј, Тајван) бил индиски револуционер.

Во Британија се подготвувал за кариера во индиската јавна служба но се откажал од кандидатурата когаслушнал дека има националистички превирања во неговата земја. Испратен од Мохандрас К. Ганди да се организира во Бенгал, неколкупати бил депортиран и затворан. Тој претпочитал индустријализација, што било во контрадикција со економската мисла на Ганди, и иако бил избран за претседател на Индискиот национален конгрес од 1938 до 1939 година, без поддршката на Ганди се чувствувал обврзан да даде оставка. Скришум избегал од Индија во 1941 година и ја пренел својата борба против Британците во нацистичка Германија и подоцна во југоисточна Азија. Во 1944 година, ја нападнал Индија од Бурма (Мјанмар) со мала армија индиски државјани и Јапонци, но неговата армија набрзо била натерана да се повлече. Избегал од југоисточна Азија по капитулацијата на Јапонија во 1945 година и починал од изгореници со кои се здобил во авионска несреќа.

Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.

Наводи

Категорија:Индиски револуционери Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет Категорија:Починати во непозната година