Плеј-офот за Европското Првенство во фудбал 2012 се одиграл во два натпревари, со тоа што првиот натпревар се играл на 11 ноември, додека вториот на 15 ноември. Четирите победници биле определени според нокаут систем, кој се употребува во сите Европски натпреварувања и победниците се квалификувале за ЕУРО 2012.

Ранкинг на второпласираните тимови Бидејќи некои групи содржеле шест реперезентации а некои пет, мечевите со шестопласираниот тим во секоја група не се сметале при конечната ранг листа. Како резултат на тоа, осумте натпревари одиграни од секој тим се броеле во ранкингот на второпласираните тимови.

Тајбрејк Следниов критериум се применува за да се одлучи ранкингот. Поголем број на бодови освоени во овие натпревари Поголема гол разлика во овие натпревари Поголем број на голови постигнати во овие натпревари Поголем број на голови постигнати на гости во овие натпревари Позиција на националната ранкинг список на УЕФА Фер плеј ранкинг во овие натпревари Влечење на жрепки

Носители Плеј-оф натпреварите се одиграле во два натпревари, првиот натпревар на 11 и 12 ноември, додека вториот на 15 ноември 2011. Четирите победници биле определени според стандардните правила за нокаут фаза во Европските натпреварувања, а победникот се квалификувал за ЕУРО 2012.

Жрепката за плеј-офот се одржала на 13 октомври 2011 во Краков, Полска. Со тоа биле извлечени паровите и исто така и редот на домашни и гостински натпревари.

После забуната за УЕФА Плеј-офот за 2010 ФИФА Светско Првенство - кое прво била жрепка без носители, но била сменета со носители од ФИФА во септември 2009 - УЕФА објавила дека жрепката за плеј-офот ќе биде со носители. Четирите второпласирани реперезентации со подобри позиции во клупските коефициенти на УЕФА биле сместени за носители и вторите реванш натпревари ги играле на домашен терен. Секој коефициент и ранкинг позиции на репрезентациите за оваа жрепка и за жрепката за ЕУРО 2012 биле пресметани преку резултатите вклучувајќи ги и оние на 11 октомври 2011:

40% од просечните бодови на натпревар постигнати во квалификациите за ЕУРО 2012. 40% од просечните бодови на натпревар постигнати на квалификациите за 2010 ФИФА Светско Првенство и на главниот турнир. 20% од просечните бодови на натпревар постигнати на квалификациите за ЕУРО 2008 и на главниот турнир

Носителите се следниве: Шешир 1 (носисели) Тим 32,723 31,202 28,203 27,982 Шешир 1 (неносисели) Тим 27,601 27,199 21,876 20,355

Натпревари Тим 1  Вкупно  Тим 2  Прв натпревар    Втор натпревар  

Прв натпревар

Втор натпревар

Хрватска победила со вкупни 3–0 и се кавлификувала за ЕВРО 2012.

Република Ирска победила со вкупни 5–1 и се квалификувала за ЕВРО 2012.

Чешка победила со вкупни 3–0 и се квалификувала за ЕВРО 2012.

Португалија победила со вкупни 6–2 и се квалификувала за ЕВРО 2012.

Наводи

Категорија:Квалификации за европското првенство во фудбал 2012 Категорија:Фудбалот во 2011 година