Преспанско советување на ЦК на КПМ (2-4 август 1943 година) е втор состанок на Централниот комитет на КПМ, одржан во Преспа, во непосредна близина на село Отешево. Учествувале членовите на ЦК на КПМ Кузман Јосифоски - Питу, Цветко Узуновски - Абас, Страхил Гигов - Андро, инструкторот на ЦК на КПЈ во Македонија, Добривое Радосавлевиќ - Орце, подоцна се приклучил и Светозар Вукмановиќ - Темпо, делегатот на ЦК на КПЈ и на ВШ на НОВ и ПОЈ во Македонија.

Одлуки мини|лево|Споменикот на Преспанското советување. Биле донесени одлуки за прераснување на партизанските одреди во воени единици, за интензивирање на изградбата на народната власт, организационо зајакнување и проширување на организациите на КПМ и СКОЈ, за усвојување платформа на НОВ на Македонија Владо Иваноски, Преспанскиот состанок на ЦК КПМ од август 1943, посебно издание, Скопје, 1983.

Споменик

Се наоѓа во близина на раселеното село Отешево, во непосредна близина на брегот на Преспанското Езеро. Споменикот е изграден од армиран бетон. Состојбата на споменикот е лоша, бидејќи никој не го одржува и посетува.

Наводи