мини|десно|250п|Со црвено: Халанд, кој дотогаш бил под шведска окупација во времетраење од 30 години (согласно Договорот од Бремсебру од 1645), сега станал постојан дел од Шведска. Со жолто: Сканија и Бохуслен исто така ѝ припаднале на Шведска. Со виолетово: Тренделаг и Борнхолм ѝ се отстапени на Шведска во 1658, но потоа се побуниле и во 1660 се вратиле во состав на Данска-Норвешка. мини|десно|250п|Мировната гозба во дворецот Фредериксборг по склучувањето на договорот
Роскилдски мировен договор — меѓународен договор склучен на 8 март 1658 г.26 февруари по стар стил. во текот на Втората северна војна помеѓу данско-норвешкиот крал Фредерик III и шведскиот крал Карл X Густав во градот Роскилде, Данска. По катастрофалниот пораз, Данска-Норвешка била приморана да се откаже од речиси половина од своите територии. Со ова Шведска ги добила покраините Блекинге, Борнхолм, Бохуслен, Сканија и Тренделаг и Халанд.
Одредби на договорот
Во договорот се поставени следниве услови: данската покраина Сканија веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. данската покраина Блекинге веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. данската покраина Халанд веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. Халанд во тој момент бил под шведска окупација, која требала да трае 30 години согласно Договорот од Бремсебру од 1645. данската покраина Борнхолм веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. норвешката покраина Бохуслен веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. Со ова Шведска обезбедила непречена трговија на запад. норвешкката покраина Тренделаг веднаш да ѝ се отстапи на Шведска (тогаш во нејзин состав биле Нурдмере и Румсдал). Данска да се откаже од сите протившведски сојузништва. Данска да го спречи минувањето на непријателски (кон Шведска) воени бродови и нивно навлегување во Балтикот преку протоците. Враќање на поседите на Војводата од Холштајн-Готорп. Данска да ги подмири трошоците за шведската окупација. Данска да учествува со војници во другите воени ангажмани на Карл X Густав.
Последици По склучувањето на договорот, Шведска го прекршила договорот продолжувајќи со походи во преостанатите делови на Данска-Норвешка, но морала да се повлече од данските острови и Тренделаг поради сојузот што Данско-Норвешка го слкучила со Холандија. Со Копенхашкиот мировен договор во 1660, Данска и Норвешка ги повратиле Борнхолм и Тренделаг, но останатите покраини останале во состав на Шведска.
Поврзано Северни војни Историја на Шведска Историја на Данска Историја на Норвешка Список на мировни договори
Наводи
Надворешни врски Freden i Roskilde — договорот на Викиизвор на дански јазик Отсликан примерок на договорот — Институт за европска историја - Мајнц
Категорија:Северни војни Категорија:Мировни договори на Шведска Категорија:Мировни договори на Данска Категорија:Мировни договори на Норвешка Категорија:Шведско Царство Категорија:Роскилде