Војвода (потекнува од старословенскиот јазик, со буквално значење „оној кој предводи воини“ или „воен водач“) — словенска титула кој првично го именува главниот командант на воените сили.

Изразот постепено почнал да се однесувал на управувач на покраина, област, а областа под управна власт на војводата се нарекува Војводство. Во англискиот јазик, изразот војвода честопати се преведува како принц, а во словенската терминологија рангот на војвода во некои случаи се изедначува со германската титула херцог. Денес во Полска, изразот војвода се однесува на управник на покраина, односно војводство.

Титулата се користела во средновековна Македонија, Бугарија, Србија, Босна, Хрватска, Чешка, Грција, Трансилванија, Полска, Русија, Молдавија, Влашка, Риген Die Sprache der slawischen Bewohner des Ostseeraums и др. Во средновековни кнежевства Молдавија и Влашка, терминот војвода станал дел од официјалните титулари на суверениот принц, и го означувале правото за раководење на цела армија. Војвода или вајда исто така бил титула на унгарскиот упраниците на Трансилванија во средниот век.

Најпосле, во Отоманското Царство, водачите на ајдутите и на комитските чети на Балканскиот Полуостров се нарекувале војводи.

Војводите како мотив во народното творештво „Радул војвода“ — македонска народна песна.Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 63-65. „Момчула војвода“ - македонска епска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 35-38. „Сирма војвотка“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 78-79. Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 112. „Чавдар војвода и Лалуш“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 79-84. Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 106-111. „Илјо војвода“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 84-85. Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 115-116. „Страил страшен војвода“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 86-89. Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 120-122. „Јане Плетикоса“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 104-105. „Сама мома црни очи клела“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 113-114. „Озгора идат сејмени“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 117. „Пука пукна во гора зелена“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 118-119. „Џемаил ага и Иванчо војвода“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 90-91. „Датунџо војвода“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 105-106. „Ранет Делчев војвода“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 109-110. „Мануш војвода“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 113. „Станиш војвода“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 113-114. „Низ Петлец идат трима војводи“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 118-119. „Смртта на војводата Пријезда“ - српска народна песна.Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 234-237. „Маргита девојка и Рајко војвода“ - српска епска песна.Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 326-330.

Војводите како мотив во книжевноста „Војвода“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 238-240. „Татунчо“ - песна на Кочо Рацин.Кочо Рацин, Бели мугри. Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 21. „Дејан Војвода“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски.Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 37.

Војводите како мотив во музиката „Војвотка“ (англиски: Duchess) - песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1979 година.DISCOGS, The Stranglers – The Raven (пристапено на 24.4.2021)

Извори

Категорија:Титули