Прва чеченска војна — воен конфликт меѓу Руската Федерација и Чеченската Република Ичкерија од декември 1994 до август 1996 година. Конфликтот се водел во Чеченија и неколку населени места во соседните региони на Северен Кавказ со цел да се задржи Чеченија во составот на Руската Федерација. Овој конфликт најчесто се нарекува "Прва чеченска војна", иако името на властите гласи:Мерки за одржување на уставниот поредок на Руската Федерација. Конфликтот се одликува со голем број на жртви меѓу цивилното население, како и на војници.

И покрај одредени воени успеси на Министерството за внатрешни работи на Русија, овој конфликт станал повод за повлекување на руските сили од Чеченија и независност на Чеченија.

Заднина

Во текот на 1991 година, луѓето околу Џохар Дудаев започнале да не го почитуваат локалниот врховен комитет. По распаѓањето на СССР, Дудаев го објавил излегувањето на Чеченија од составот на Руската Федерација и го прогласил создавањето на република Ичкерија. По ова, следувало прекратување на плаќањата на даноци во општиот буџет и им забранил на руските специјални служби да ја посетуваат републиката. Во ноември 1991 година, Борис Елцин испратил воени трупи во Грозни, но истите биле принудени да се повлечат кога силите на Дудаев го опколил аеродромот.

Руската нафта за Чечнија продолжила да се доставува до 1994 година. За нафтата Дудаев откажал да плаќа, и истата започнал да ја продава во странство. Во негова корист останале и голем број на руско оружје, како 42 тенка, 34 пешадиски борбени возила, 260 авиони, 57,000 оружје итн. Чеченија прогласила целосна независност од Москва во 1993 година. Во текот на летото 1994 година започнале воени дејствија помеѓу силите на Дудаев и опозициските сили на повремениот совет. На 26 ноември опозициските сили безуспешно се обиделе да го зазмат објектот каде се наоѓа парламентот. Во исто време Дудаев заробил неколку руски военоначалници.

Во периодот од 1991 до 1994 година, десетици илјади луѓе, главно од етничка припадност, започнале да ја напуштаат Чеченија бидејќи врз истите биле спроведувано насилство и дискриминација против нечеченското население, главно составено од Руси, Украинци и Ерменци.Unity Or Separation: Center-periphery Relations in the Former Soviet Union By Daniel R. Kempton, Terry D. Clark p.122Allah's Mountains: Politics and War in the Russian Caucasus By Sebastian Smith p.134 Чеченската индустрија започнала во голема мера да опаѓа, главно поради протерувањето на руските главни инженери. Во текот на предвоениот период, во март 1992 година имало обид за државен удар од страна на опозицијата, но нивниот обид бил крваво задушен. По еден месец, во април 1992 година, Дудаев вовел директна наметнета претседателска власт, а во јули 1993 година го распуштил парламентот за да избегне можен неуспешен референдум за одделување од Руската Федерација. Така, до крајот на октомври 1992 година, покрај границата со Чеченија биле распоредени руските сили, а од друга страна пак, Дудаев прогласил вонредна состојба и се заканил со општа мобилизација ако руските трупи не се повлечат од границата на Чеченија.

Воени дејствија

Во текот на декември 1994 година, руските сили започнале воздушни бомбардирања на Чеченија. На 11 декември 1994 година, пет дена откако Дудаев и Павел Грачев, рускиот министер за одбрана се согласиле за избегнување на воени дејствија, руските сили влегле во републиката со цел да го воспостават уставниот поредок на земјата и да го зачуваат територијалниот интегритет на Руската Федерација.

Битка за Грозни

Според процеките, околу 27,000 цивили загинале во првите пет недели од конфликтот. Според рускиот историчар и општественик Дмитриј Волкогонов, во бомбардирањето на руските сили загинале околу 35,000 цивили вклучувајќи и 5,000 деца и дека поголемиот дел од жртвите биле етнички Руси. Додека бројот на убиените чеченски војници не е познат, на руската страна тој број се движи околу 2,000 војници. Крвопролевањето на Грозни ја шокриала цела Русија и надвор од неа, предизвикувајќи остри критики. Меѓународните набљудувачи на ОБСЕ конфликтот го опишале како незамислива катастрофа, додека пак поранешниот советски водач конфликтот го нарекол срамна крвата авантура, а германскиот канцелар Хелмут Кол "чиста лудост".

По падот на Грозни thumb|250px| Поглед кон парламентот во Грозни.

По заземањето на Грозни, руските сили полека започнале својата контрола да ја прошируваат околу областите на градот, како и на планините. По ова следувала нова руска офанзива на 15 април по должината на целиот фронт, притоа остварувајќи голем успех. Специјалните единици на ОМОН постепено започнале да ги зазимаат и другите градови во јужниот дел од земјата. Градот Гудермес бил освоен без борби, а по ова паднало и селото Дарго и Беној. Според анализџа на американските служби, загубите на руските сили се движело од околу 2,800 мртви, 10,000 повредени, повеќе од 500 исчезнати или заробени.Lessons Learned from Modern Urban Combat U.S. Army

Како што воените дејзтвија продолжувале, така чеченските сили започнале да се служат со заложнички дејствија, со кое се обидувале да влијаат врз руската јавност. Во јули 1995 година, една група на чеченски терористи под раковоство на командантот Шамил Басајев под своја контрола зел 1,500 заложници во јужна Русија, во една болница во Будјоновск, каде околу 120 руски цивили загинале пред да биде потпишан прекин на огнот. Ова им овозможило на чеченските сили да ги прегрупираат своите позиции и да се подготват за следната воена операција.

Според извештајот на ООН, чеченските сепаратистички сили во своите редови вклучувале голем број на деца-војници, некои на возраст од 11 години. Освен тоа, во своите редови имало и женски војници.The situation of human rights in the Republic of Chechnya of the Russian Federation United Nations Герилската војна на Чеченците, како и постојаните заседи биле главното оружје во продолжението на војната. Во есента на 1995 година, генералот Анатолиј Романов, федерален командант во Чеченија во тоа време, бил тешко повреден и парализиран во експлозија на бомба во Грозни.

Проширување на војната

Според декларацијата на главниот муфтија на Чеченците, Ахмад Кадиров, конфликтот се претворил во Света војна или џихад против православна Русија, повикувајќи слични организации од соседството да се вклучат во војната. Се проценува дека околу 5,000 војници работеле како доброволци, и истите биле добро мотивирани од религиозни или националистички причини.

Следувала Кизларската заложничка криза од 6 јануари 1996 година, кога Салман Радуев зазел една болница заедно со околу 3,700 заложници. Искористувајќи ја ситуацијата, Радуев испратил повик кон руските власти за повлекување на војските од Чеченија и Северен Кавказ. Така, на 18 јануари чеченските сили се вратиле на територијата на Чеченија.

На 9 јануари 1996 година, еден турски брод кој превезувал руски патници вил преземан од страна на чеченците. На 6 март 1996 година, еден патнички кипарски авион бил киднапиран од страна на чеченските сепаратисти.

Чеченска офанзива

На 6 март 1996 година, од 1.500 до 2.000 чеченски борци го нападнале Грозни и започнале тридневен напад врз градот, запленувајќи големо количество на оружје и муниција. Исто така, чеченските сили во март го нападнале и Самашки, каде стотина селани биле убиени. Еден месец подоцна, на 16 април арапскиот командант Ибн ал-Катаб уништил голем дел од една руска колона во заседа во близина на Шатој, каде загинале најмалку 53 војници, како и во уште еден напад во близина на Ведено каде загинале 28 војници.Russian fighting ceases in Chechnya; Skeptical troops comply with Yeltsin order CNN

Со зголемувањето на бројот на жртвите, војната станала многу непопуларна во Русија. Како што приближувале претседателските избори во 1996 година, така Борис Елцин започнал да бара излез од конфликтот. На 21 април 1996 година бил убиен главниот чеченски командант, Џохар Дудаев. Но и покрај тоа, војната и нападите продолжиле. Елцин дури прогласил и победа во Грозни на 28 мај 1996 година, откако бил потпишан привремен прекин на огнот.

На 6 август 1996 година, три дена пред Елцин официјално да го претстави својот втор мандат како претседател, и време кога поголемиот дел од руските војници се преселиле кон југ за нивна последна офанзива кон планинските предели, чеченските сили започнале ненадеен напад врз градот Грозни.

Битка за Грозни

Битката започнала откако чеченските вооружени сили спровеле изненаден напад врз градот Грозни на 6 август 1996 година. Нападот, познат како Нулта операција или Операција Џихад довел до конечен прекин на огнот и крај на Првата чеченска војна.

Бројот на чеченските сили се движел од 1,300 до 3,000 војници. Во рок од една недела, нивниот број се зголемил на 7,000 како резултат на платениците и мобилизацијата на нови војници. Од друга страна, руските федерални сили се состоеле од околу 15,000 до 20,000 војници заедно со огромна воздушна артилериска помош. Многу бргу слеувало и зазимање на градот од страна на чеченските бунтовници. Руските сили првично сметале дека нивните противници ќе го напуштат градот, па главно поради ова не презеле иницијатива за помош на оние кои биле заробени, посебно за единиците на МВР. Првите обиди за ублажување на ситуацијата не биле преземени додека во попладневните часови на 7 август, една воена колона била испратена на помош на опколените руските позиции. Сепак, еден ден претходно, групата предводена од Закаев запленила голем број на муниција.

На 10 август, генералот Олег Лобов бил отпуштен и на негово место бил поставен Александар Лебед. Убеден дека една воена победа во тој момент за Русија е невозможна, тој одлучил да влезе во преговори со сепаратистите. Во ноќта на 11 август 1996 година, Лебед ги започнал преговорите со Алсан Масхадов. На 14 август, чеченските сили речиси целосно го контролирале Грозни. Руските сили одбиле да се вратат во градот и се статиционирале на аеродромот. Во градот останале уште околу 2,000 руски војници, кои во недостиг на храна и муниција биле осудени на пропаст. Под овие околности, Лебед успеал да договори прекин на огнот.

Изненадувачки, на 19 август генералот Поликовски издал ултиматум кон бунтовниците да во рок од 48 часа го напуштат Грозни. Во случај на одбивање, нападите кон градот ќе се одвивале од сите правци со сите расположливи средства. Заканата резултирала со масовна паника меѓу цивилното население. Така, воздушните и артилериск напади започнале во раните утрински часови на 20 август. Во нападите, руските сили уништиле цели станбени блокови и најмалку една болница. Генералниот Лебед, сепак, успеал да се спречи натамошно крвопролевање во Грозни, додека руската офанзива во јужниот дел на планините продолжувала. По враќањето во Чеченија на 20 август, тој наредил прекин на огнот и се вратил на разговори со водачите на бунтовниците, потпомогнати од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.Chechen peace talks may resume; But civilian casualties mount in intensified fighting , CNN, July 22, 1996 На 22 август 1996 година, Русите се согласиле да ги повлечат сите своите сили во Чеченија. На 30 август 1996 година, Лебед и Масхадов потпишале договор, со кој бил ствен крај на војната.

Московски договор

По потпишувањето на договорот за крај на војната, биле потпишени уште два договори помеѓу Чеченија и Русија. Во средината на ноември 1996 година, Елцин и Масхадов потпишале договор за економска соработка и репарација на чеченското население кое било погодено од конфликтот. Во февруари 1997 година, Русија, исто така одобрила амнестија за чеченските сепаратисти кои учествувале во војната во Чеченија во периодот од декември 1994 и септември 1996 година.

Шест месеци по потпишувањето на договорот, на 12 мај 1997 година, новиот чеченски претседател, Аслан Масхадов отпатувал за Москва каде заедно со рускиот претседател Борис Елцин потпишале формален договор за мир меѓу двете земји и чеченскиот претседател се обврзал да дејствува доколку се појават какви било нови чеченски формации.