Св. Климент и Наум претставува монументален бронзен споменик во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 12 јуни 2010 година. На мермерниот постамент од 3,5 метри се поставени двата големи македонски словенски просветители Светите Климент и Наум Охридски, кои се претставени како монаси, а околу самиот постамент поставени се 4 бронсени релјефи, од кои на 3 се прикажани сцени од нивните житија. Споменикот се наоѓа на Плоштадот Карпошово Востание на левата страна од кејот на Вардар, на влезот на Камениот Мост од страната на Старата Чаршија. Споменикот е изработен во леарницата Фрокаро, во Виченца, Италија и чинел 580.000 евра. Автор на споменикот е Перо Кованцалиев.

Наводи

Галерија

Климент и Наум Категорија:Споменици на Св. Климент Охридски Категорија:Споменици на Св. Наум Охридски Категорија:Дела на Перо Кованцалиев Категорија:Македонски дела од 2010 година