мини|десно|200п|Топломер со Фаренхајтови и Целзиусови степени Фаренхајтова скала (Fahrenheit) — температурна скала осмислена во 1724 од холандско-германско-полскиот физичар Даниел Габриел Фаренхајт (1686–1736) и го носи неговото име. Степенот на оваа скала се нарекува фаренхајт (со мали букви) и има симбол °F. На оваа скала замрзнувањето водата се дефинира како 32 степени, додека пак вриењето се одвива на 212 степени. Во највеќето земји оваа скала е заменета со Целзиусовата во средината на XX век или нешто подоцна, но сè уште е официјална во САД, Кајманските Острови и Белиз. Ранкиновата температурна скала се темели на Фаренхајтовата, но овде нулата означува апсолутна нула.
Дефиниција и претворање
На Фаренхајтовата скала, точката на мрзнење на водата е 32 степени (°F), а точката на вриење е (при стандарден атмосферски притисок). Ова значи дека точките на вриење и мрзнење се разликуваат за точно 180 степени. Затоа, еден степен на скалата изнесува од интервалот помеѓу овие две точки. На Целзиусовата скала, оваа разлика изнесува 100 степени. Температурниот интервал од 1 Фаренхајтов степен е еднаков на интервал од Целзиусови степени. Овеи две скали се сечат во −40 °F ( и ), т.е. ја претставуваат истата температура.
Апсолутната нула се дефинира како −273,15 °C или −459,67 °F. Ранкиновата скала е има интервали со иста големина како Фаренхајтовата скала, така што температурната разлика од еден Ранкинов степен е еднаква на разликата од , освен тоа што апсолутната нула е – исто како што Келвиновата скала се совпаѓа со Целзиусовата (апсолутната нула е .
Употреба
Фаренхајтовата скала била главен температурен стандард во метеорологијата, стопанството и медицината во англофонските земји сè до 1960-тите. Во доцните 1960-ти и раните 1970-ти, Целзиусовата скала (до 1948 позната како „центиград“) ја заменила Фаренхајтовата во голем број земји, во текот на ниванта метрификација.Валутата и мерките во Нов Зеланд
Фаренхајтот сè уште е сеприсутен во САД, Белиз и териториите Порторико и Американски Девствени Острови за секојдневна намена. Во науката се применува целзиусот и келвинот во сите земји. Во некои држави се наведуваат двете мерки.Cayman Islands government weather service,
Во некои земји фаренхајтот се користи во секојдневието заедно со целзиусот. На пример, Канада по закон ги следи метричките единици како претпочитани, со правни дефиниции за традиционалните канадски единици. Временската прогрноза е во целзиуси, но печките, на пример, по закон работат со фаренхајтови степени. Канадските топломери (аналогни и дигитални) ги имаат обете скали.
Поврзано Температура Ранкинова скала
Надворешни врски Претворање на Фаренхајтови во Целзиусови степени — NOAA
Наводи
Категорија:Империјални единици Категорија:Американски мерни единици Категорија:Единици за температура