Олаф Шолц (; р. во ) — германски политичар, член на Социјалдемократската партија на Германија и градоначалник на Хамбург од 7 март 2011 година и канцелар на Германија од 8 декември 2021 г.

Од мај до октомври 2011 година бил министер за внатрешни работи (Innensenator) на Слободниот и ханзеатски град Хамбург и од 2002 до 2004 бил генерален секретар на SPD. Шолц го наследил Франц Минтеферинг како министер за труд и социјални работи, кога Франц ја напуштил функцијата во 2007 година.Андреас Кремер и Брајан Паркин, „Минтеферинг, заменик-канцелар под Меркел“, Bloomberg.com, 13 ноември 2007.

Во 2010, Олаф Шолц учествувал во годишниот состанокот на Билдербершката група во Сиџес, Шпанија.

На 20 февруари 2011, социјалдемократите и Шолц победија на покраинските избори во Хамбург со 48,3% од гласовите, што довело до 62 места од вкупно 121 во парламентот на Хамбург. Шолц се остажал како член на 17. Бундестаг на 11 март 2011 година, кратко по неговиот избор како Прв градоначалник.

На 8 декември 2021 г. Шолц стапил на функцијата канцелар на Германија, на местото на дотогашната канцеларка Ангела Меркел од партијата Демохристијански сојуз.

Наводи

Категорија:Политичари од Социјалдемократската партија на Германија Категорија:Германски канцелари Категорија:Членови на Бундестагот Категорија:Градоначалници на Хамбург Категорија:Луѓе од Хамбург Категорија:Луѓе од Оснабрик Категорија:Живи луѓе