Дервиш — археолошко наоѓалиште во Банско, Општина Струмица.

Претставува некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа на источниот раб на селото, непосредно над термоминералниот извор „Врелото“. Во 1977 година, при изградбата на хотелот „Термица“ биле откриени неколку гробовицисти од камени плочи и еден гроб од тегули – тип „на две води“. Подоцна се извршени заштитни ископувања со што се откриени уште 11 гроба, сите од 4 век. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во СтрумицаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко; Бела вода; Врелото, депо на монети; Градиште, тврдина од доцноантичкото време; Банско, римска населба; Каптажа, некропола од хеленистичко време; Китка, некропола од хеленистичко време; Моноспитовски лозја, некропола од доцноантичкото време; Под тврдината Китка, некропола од доцноантичкото време; Црква „Св. 40 Севастиски маченици“, некропола од средниот век; Турска бања, терма од доцноантичкото време;

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Банско (Струмичко)