Градиште — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Ново Село. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на 4 километри северно од селото.

Опис

Претставува висок доминантен рид со зарамнето плато, со површина од 150 на 100 метри, на кое има зачувани остатоци од темели на бедем широк 1,60 метри, граден од камен и варов малтер. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

Поврзано Бел Рид — населба од доцноантичкото време; Коштуница — могила од римското време; Новоселско Депо — депо на монети од средниот век; Селиште — населба од бакарното и бронзеното време; Сушица — населба од неолитското време; Чука — населба и могила од доцноантичкото време; Шопов Рид — могили од римското време; Ново Село; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.

Наводи

Категорија:Ново Село (Струмичко)